1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спротиставени ставови на претседателот и на премиерот

Александар Чомовски6 април 2006

За демаркацијата на границата на Македонија со Србија и Црна Гора во делот кон Косово македонскиот претседател Бранко Црвенковски и премиерот Владо Бучковски имаат различни мислења

https://p.dw.com/p/AdeZ

-Априлската средба Бучковски Чеку не може да го реши разграничувањето меѓу Македонија и Косово,евентуалниот договор меѓу двајцата премиери може да биде испратен до Њујорк и ОН но не верувам дека тој ќе биде прифатен пред воопшто да се реши статусот на Косово,вели Стивен Мер,американски експерт,чие становиште е пренесено во Скопје.

Тој уште рече дека нема доволно меѓународна поддршка за разграничувањето со Косово се додека не биде решен финалниот статус на покраината.

Независно од ваквите погледи македонски стручњаци во подготовските на средбата Бучковски Чеку ги разгледуваат шансите како да се почне обележувањето на македонската граница во делот кон Косово,дури и како гест на добрососедство. Но,ситуацијата се усложнува со притисокот од Белград српските власти да учествуваат по секоја цена во македонско косовското разграничување,зашто тоа е дел од поддршката што Белград и Скопје ја добија и од меѓународната заедница:

-Македонија ги поздравува тие преговори и ќе го поддржи секое решение што ќе произлезе како заемно прифатливо решение низ процесот на преговорите,се разбира,доколку зад тоа решение застане и меѓународната заедница.Се разбира,под услов таквото решение не го засега или не го нарушува територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија,рече македонскиот претседател Бранко Црвенковски по средбите со српско црногорскиот врв во Белград.

Додека претседателот го респектира и поддржува договорот со Белград поради македонско југословенската спогодба за разграничување,македонскиот премиер го протежира билатералниот договор со приштинските власти:

Се обидуваме да ги заштитиме своите државни инетереси,затоа ќе продолжиме со тие напори,очекувам до крајот на април на оваа тема да разговараме со косовскиот премиер Агим Чеку во Скопеј,изјави Бучковски.Тој при посетата во Прага изрази уште и очекување дека евентуалната еднострана изјава на волја од страна на Приштина за почитување на административната граница со Косово би бил добар гест на добрососедство.