1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Срамежлив почеток на политичкиот дијалог

Горан Петрески2 февруари 2007

Во макеодснкиот парламент се оддржува средба на претсставници на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Ниту владеачката ниту опозицисиката партија на албанскиот политички блок ги нема на средбата што беше замислена за обновување на политичкиот дијалог.

https://p.dw.com/p/AdZY
Парламентот во Скопје
Парламентот во СкопјеФотографија: aptn

Политичкиот дијалог во Македонија е деблокиран само делумно. Во тек е средба на преставници на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ, партиите од албанскиот политички блок не се присутни на средбата што се оддржува во парламентот. Од ДПА велат дека така било договорено, а од ДУИ оти не добиле покана yа учество на состанокот.

Работните групи составени од по четворица членови на дневен ред за денеска ги имаат задолжителното средно образование и правото на глас за дијаспората. Составот на преговарачките тимови ќе се менува во завинсот од темата. На следната средба предвидено е да се расправа за за собранискиот деловник, тогаш и ДПА најавува присуство, а на прес во партискиот штаб во Скопје Демократската унија за интеграција рече дека разговори се можни само со меѓународно посредство.

Ова значи дека политичките партии во Македонија не ги послушаа апелите да го обноват дијалогот за спорните прашања „Пораката која од Евроспката унија неделава е испртена во Македонија е јасна. Очекуваме сите лидери на политичките партии да работата заедно, да разговааарт едни со други и низ дијалогот да ги донесат политчките одлуки со кои ќе ја придвижат земјата кон посакуватната цел – евроинтеграцијата.“ Рече амбасадорот на ЕУ во Македонија Ерван Фуере.

Шефот на државата ја искритикува владата дека е политички слепа. Претседателот Бранко Црвенковски оцени цитат: „ Владата наместо да се соочи со реалноста да види дека има проблем и да почне да го решава, се обидува причините за негативните оценки од Брисел да ги објасни со постоење на некакви заговори, кодошења од моја или од страна на опозицијата.“

Комуникацијата меѓу владејачката ВМРО ДПМНЕ и опозициската ДУИ е целосно блокирана откако пратениците на партијата на Али Ахмети го бојкотираат парламентот. Портпаролкатата Ермира Мехмети вчера се пожали дека премиерот Никола Груевски не ги поканил на разговорите. „ Жалиме за таквиот пристап, навистина очекувавме дека од осумте теми и прашања поставени за политички дијалог, ако не првата или втората, барем во останатите теми да се изнајдеше политички консензус.“ изјави портпаролката на ДУИ Мехмети.

Политичкиот дијалог треба да продолжи во среда.