1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Србија – Косово

6 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Bc0I

Србија е подготвена да примени и сила за да спречи одвојување на Косово, пишува весникот “Интернешенал Хералд Трибјун“. Тој се повикува на изјава на државниот секретар при Министерството за Косово Душан Пророковиќ, кој предочил повеќе мерки во случај Косово еднострано да прогласи независност и таа да биде признанена од западните земји. Меѓу нив се и блокада на косовските граници, трговско емабрго, но и распоредување српски сили во покраината. Изјавата на Пророковиќ за еден српски медиум доаѓа во време кога се забележува застој во дипломатските напори.