1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Србија подготвена за контрамерки во „пченичниот“ спор со Македонија

СН/ЕМФ/бета6 јули 2013

Министерството за земјоделство на Србија соопшти дека воведувањето реципрочни мерки кон Македонија, која го ограничи увозот на брашно и пченица од Србија, не би требало да доведе до дестабилизација на пазарот.

https://p.dw.com/p/1938S
Фотографија: Mehr

Државниот секретар на Министерството за економија Данило Голубовиќ за српската новинска агенција Бета дека „реципрочните мерки не би довеле до дестабилизација на домашниот пазар и зголемување на цените, затоа што овие производи, а особено зеленчукот, се увезуваат и од други земји под поповолни услови“. Голубовиќ не сакаше да прецизира кои производи би можеле да се најдат на листата на оние чиј увоз од Македонија би бил условен со истовремено купување на истите продукти и од домашни производители.
Извори во Владата на Србија претходно за агенцијата Бета изјавија дека во  случај на воведување реципрочните мерки ќе биде разгледано ограничувањето на увозот на македонско вино и домати. „Министерството за земјоделство сака проблемот да го реши институционално, со механизам предвиден со договорот на ЦЕФТА. Србија преку Министерството за трговија реагираше во рамките на ЦЕФТА. Доколку тоа не даде резултат, ќе се разгледаат натамошни мерки за реципроцитет“, изјави државниот секретар.
Според неговите зборови, мерките кои ги воведе Македонија се „од општ карактер и се однесуваат за сите земји потписнички на ЦЕФТА, а не само на Србија.“, така што и контрамерките кои евентуално би ги вовела Србија би можеле да бидат применети на сите земји-потписнички на ЦЕФТА, а не само на Македонија. 
Владата на Србија вчера (05.07) соопшти дека ќе воведе мерки на реципроцитет кон Македонија доколку во наредните 10 дена не биде решен проблемот на ограничување на увоз на српско брашно и пченица во таа земја. Министерот за трговија на Србија, Расим Љаиќ,  упати писмо до ЦЕФТА со итно барање на вонредна седица на ова тело по повод решението на македонската влада, со кој е прекршен договорот на ЦЕФТА. Мерките на Владата на Македонија, според која за еден килограм увезена пченица македонските увозници мораат да купат 3 килограми домашна пченица, а за килограм брашно 4 килограми домашна пченица, започнаа да се применуваат од 1. јули.
Претходните денови е најавено дека српските компании ќе бараат Србија да воведе реципрочни мерки во оние области кои се важни за Македонија, односно домашните увозници со увоз на едел литар вино од Македонија да мораат предходно да купат 4 литра вино од домашното производство.
Според податоците на Министерството за економија, од Србија во Македонија минатата година се извезени 51.905 тони пченица во вредност од 11,5 милиони евра и 32.711 тони брашно во вредност од 9,1 милиони евра.

Deutsch: Flagge des Zentraleuropäischen Freihandelsabkommens (CEFTA)
Знамето на ЦЕФТА