1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Србија смета дека е подготвена за почеток на преговори за членство во ЕУ

СН/АТ/миа/бета29 јануари 2013

Српската вице-премиерка задолжена за евроинтеграции Сузана Грубјешиќ се надева дека Србија во јуни ќе добие датум за старт на преговорите за членство во ЕУ.

https://p.dw.com/p/17THV
Фотографија: DW

Србија е подготвена веднаш да започне преговори за членство во ЕУ и е искрено посветена на нормализација на односите со Приштина и на соработката со државите во балканскиот регион, изјави српскиот вице-премиерка задолжена за евроинтеграции Сузана Грубјешиќ (фотографија горе).

„ Местото на Србија е во Европа. Србија историски, географски, културно и економски и припаѓа на Европа и само треба таа припадност да стане политичка и институционална. Ние немаме време за чекање, бидејќи во изминатите децении изгубивме и пропуштивме многу“, изјави синоќа Грубјешиќ пред заминувањето за Брисел, каде денеска ќе учествува на конференцијата „Западен Балкан: Иднината во Европа“. Грубјашиќ нагласи дека Србија се надева дека во јуни ќе добие датум за старт на преговорите за членство во ЕУ, со што би преминала во следната фаза на европските интеграции.

Теми на денешната конференција во Брисел, на која ќе учествува и еврокомесарот за проширување Штефан Филе, ќе бидат стратегиите за проширување на ЕУ и развојот на регионалната соработка како клучен фактор за поврзување на земјите од Југоисточна Европа.