1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Средба зад затворени врати

Исмет Кочан6 октомври 2006

Германската канцеларка Ангела Меркел, заедно со нејзиниот турски колега Реџеп Таип Ердоан денеска во Истанбул говореше на бизнис форумот. Меркел се сретна и со Севселенскиот патријарх Вартоломеј.

https://p.dw.com/p/Ac2f
Канцеларката Меркел и патријархот Вартоломеј
Канцеларката Меркел и патријархот ВартоломејФотографија: AP

И покрај своето лично убедување, и убедувањето на нејзината партија дека на Турција би требало да и се даде, наместо полноправно, третман на привилегирано партнерство во ЕУ, германската канцеларка Ангела Меркел ќе ги оддржи ветувањата што Германија и поранешните германски влади ги дале на ЕУ во однос на турското членство во оваа асоцијација.

Турција е важен економски и трговски партнер на Германија

Ангела Меркел ова денеска го соопшти во Истанбул на турско – герамснкиот еконосмки форум, каде во присуство на бројни германски и турски бизнисмени, Меркел учествуваше заедно со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоан. Со напомена дека Турција останува да биде значаен економски и трговски партнер на Германија, таа отворено рече дека Германија на Турција во нејзиниот пат до ЕУ нема да и поставува дополнителни услови но дека бара од неа забрзување на забавените реформи и примена на дополнителниот протокол за царинската унија. Тој предвидува отворање на турските пристаништа и аеродроми за кипарските бродови и авиони.

Ердоан бара ист третман за Турција

Зборувајќи на истиот форум турскиот премиер Ердоан нагласи дека Турција бара објективни и праведни преговори со ЕУ и ист третнман како и за другите членки. Турција е многу значајна земја за ЕУ бидејќи таа претставува мост меѓу исток и запад и исламот и хриситијанството.

Меркел се сретна со Вартоломеј

Попладнево Ангела Меркел во седиштетото на цариградската партријаршија имаше средба со Севселенскиот патријарх Вартоломеј, а се сретна и со претставници на сите други четири верски конфесии во Турција.

Иако разговорот меѓу канцеларката и цариградскиот патријарх беше во четири очи, се дознава дека една од темите на средбата беше и надминување на проблемите со турските власти околу отворње на православниот духовен универзитет во Истанбул, што е едно од прашањата заради кои Турција доживеа остри критики на последната седница на Европскиот Парламент.