1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Средба Меркел – Блер: согласност во сите важни прашања на меѓународната политика

Нина Веркхојзер17 февруари 2006

Британскиот премиер Тони Блер денеска во Берлин и’ беше гостин на канцеларот Ангела Меркел

https://p.dw.com/p/Ac8o
Меркел и Блер во Берлин
Меркел и Блер во БерлинФотографија: AP

Германскиот и британскиот шеф на влада разговарале за односот спрема радикално-исламското движење Хамас, победник на изборите за парламентот на автономните палестински подрачја. Ставот е јасен, условите за разговори со Хамас познати: „Прво, откажување од насилство, второ, признавање на правото на егзистенција на Израел и трето, прифаќање на досегашните чекори во мировниот процес“ – рече Ангела Меркел.

Нејзиниот гостин Блер дополни дека го прифаќа изборниот резултат и мандатот што со него го доби Хамас, но условите што ги наведе Меркел се претпоставка за да напредува и мировниот процес. Израел мора да живее во безбедност и мора да има независна и способна за опстанок палестинска држава. „Нема решение за блискоисточниот конфликт, ако Израел и Палестина не егзистираат еднододруго како две држави“ – смета Блер.

И во преговорите околу атомската програма на Иран, како и досега, Меркел и Блер влечат на иста страна од јажето: „Германија, Франција и Велика Британија во последните години дадоа голем придонес кон тоа, што меѓународната заедница недвосмислено кажа дека Иран ја пречекори црвената линија. Зборувавме, се разбира, на кој начин да продолжат дипломатските напори, за Иран да се наведе на тоа повторно да заземе позиција која ќе овозможи коперација со него“ – извести Меркел.

Блер се осврна и на актуелното барање на иранската влада Велика Британија веднаш да ги повлече своите трупи од Ирак. Трупите ќе останат, а Иран не треба со вакви барања да го одвраќа од себбе вниманието на светската јавност – порача британскиот премиер.

На прашање каков став има во однос на американскиот заробенички логор Гвантанамо, Блер го означи логорот како аномалија рече дека порано или подоцна со него нешто мора да се случи.