1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Средба на Груевски и Ахмети за Македонската енциклопедија

29 септември 2009

На средбата меѓу претседателите на партиите во владината коалиција, премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и претседателот на ДУИ Али Ахмети треба да се зборува и за Македонската енциклопедија.

https://p.dw.com/p/JtVe
Али АхметиФотографија: Petar Stojanovski

Во Скопје треба да се оддржи средба меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и на ДУИ Али Ахмети на која меѓу другото ќе стане збор и за реакциите на ДУИ и во албанската јавност по промовирањето на Македонската енциклопедија. Како што изјави претседателот на ДУИ Али Ахмети за Дојче веле, „енциклопедијата претставува темпирана бомба што може да експлодира“, но тој и неговата партија „вложуваат напори овој случај да не се претвори, според неговите зборови, во конфликт со големи последици за Македонија“. Ахмети во изјавата за Дојче веле јавно се дистанцираше од повикот на Пандели Мајко во Тирана, Албанците во Македонија да го запалат јавно македонското државно знаме и апелираше до своите сонародници да се воздржуваат од какви било провокативни атки. Ахмети не верува дека ќе дојде до распаѓања на владината коалиција, но призна дека ДУИ се наоѓа под исклучително голем притисок поради реакциите на Албанците во Македонија по објавување на енциклопедијата.

Автор: Свето Тоевски

Редактор: Александра Трајковска