1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Средба на квартетот во Берлин

21 февруари 2007

Денеска во Берлин се среќава таканаречениот Блискоисточен квартет. Посредничкото тело во кое се САД, ЕУ, Русија и Обединетите нации, меѓу другото ќе ги оцени резултатите од последниот самит меѓу Израел, Палестина и американската министерка Кондолиза Рајс во Еруслаим кои не беа баш охрабрувачки.

https://p.dw.com/p/Adt8
Ангела Меркел
Ангела МеркелФотографија: picture-alliance/dpa

Тоа што квартетот во рок од две недели се состанува по вторпат, канцелрката Анегал Меркел го вреднува како успех. Меѓутоа, содржиниски, квартетот нема да напредува се додека Палестинците не ги исполнат условите за преговори со Израел:

„Откажување од насилството, признавање на правото на постоење на Израел и придржување кон досега постигнатите договори„.

Додуша, радикално-исламистичкиот Хамас на премиерот Исмил Ханија и умерениот Фатах на претседателот Махмуд Абас пред две недели во Мека се согласија да формираат заедничка влада на националното единство. Со тоа засега запреа крвавите меѓу-палестински судири, меѓутоа не се подобрија основите за преговори со Израел во главната точка: Хамас и натаму не го признава правото на постоење на израелската држава, а во иднина токму тој ќе ги даде премиерот и мнозинството министри. Сепак, Ангела Меркел најде зборови за пофалба:

„Постои резултатот од Мека и треба да го посматраме како прв чекор во вистинската насока„.

Оценката на американската влада е многу поскептична: министерката Кондолиза Рајс претпоставува дека коалициониот договор повеќе ќе отежне отколку да го олесни мировниот процес. Средбата под незјина модерација меѓу израелскиот премиер Ехуд Олмерт и палестинскиот претседател Махмуд Абас ја потврди оваа оценка: единствениот резултат беше најавата дека двете страни ќе останат во контакт. Сепак, канцеларката Меркел се надева дека напорите на блискоисточниот квартет нема да останат без резултат:

„Карактерот на квартетот во кој се среќаваат претставници на САД, ЕУ, Русија и ОН, го покажува она што според мене е важно: туркаме заедно, даваме кохерентни заеднички сигнали и го поврзуваме тоа со активности во регионот„.

Тоа што ова високо посредничко тело – на средбата во Берлин меѓу другите се очекува да присуствуваат генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун и минситерката Рајс – нема да може ниту да изнуди, ниту да спроведе содржински напредок, канцеларката Меркел засега го остава на страна:

„Знам дека бавно се напредува и дека многумина прашуваат дали сето ова се исплаќа? Јасно велам: која би била алтернативата, ако постојано не се прават обиди„?