1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Средба Шредер – Путин во Хамбург

20 декември 2004

Под засилени безбедносни мерки, денеска во Хамбург ќе се одржат седмите германско-руски консултации меѓу канцеларот Герхард Шредер и рускиот претседател Владимир Путин.

https://p.dw.com/p/AcIu
Денеска во хамбург без Ширак и за непријатните теми: Шредер и Путин
Денеска во хамбург без Ширак и за непријатните теми: Шредер и ПутинФотографија: AP

На дводневната седба се очекува меѓу другото, меѓу двете земји да биде потпишан договор за размена на млади од двете змеји. Сребата претходно беше планирана за септември, но беше одложена поради крвавите настани со заложничката драма во Беслан. Првата средба ќе се одржи вечер во Хамбург.

Средбата Шредер – Путин е прва по кризата во Украина, па ситуацијата во оваа земја, секако ќе биде една од темите на нивните разговори. Освен договорт за размена меѓу младите од двете земји, во центарот на вниманието на разговорите ќе бидат соработаката во стопанството и науката на што ќе бидат присутни и најважните министри на обете земји. Ова е 28-ма средба меѓу Шредер и Путин во последните 4 години, а во разговорите ќе бидат присутни сите, па и непријатните теми, тврди експертот за источните земји во СПД Гернот Ерлер. Путин доаѓа непосредно по молскавичната проджаба на Јукос на непозната фирма зад која се смета дека стои токму Кремљ. Настаните во Украина пред вториот повторен круг на претседателските избори в недела исто така ќе бидат дел од тие непријатности, за што Москва и Путин лично застанаа зад кандидатот на позицијата Виктор Јанукович. Претседателот на германските зелени Рајнхарт Битикофер, пред посетата на Путин изјави дека не гледа никаква причина за поинаква политика на германската влада кон Русија. Нова политика на конфронтација со Русија нема да донесе никаква перспектива, изјави Битикофер за радиото РББ. За разлика од него, Херман Грехе од демохристијанската партија за весникот “Рајнише пост“ изјави дека неговата партија бара нова политика кон Москва во чиј фокус ќе се најдат демократијата, правната држава и човековите права. Тој обвинува дека во политиката на канцеларот Шредер воопшто не се спомнуваат човековите права и правната држава.