1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Средношколиците бараат да се укине полагањето матура

Горан Петрески 2 октомври 2007

Во време кога образовниот процес во Македонија доживува значајни промени како што е воведувањето на деветолетката во основните училишта, големи потреси му се случуваат на средното образование.

https://p.dw.com/p/Blsa
За упис на факултет од наредната година ќе биде потребна положена матураФотографија: MIA

Средношколците денеска ќе ја бојкотираат наставата, нема да одат на часови во училиште туку на протест пред министертството за образование. Бараат да се укине полагањето државна матура.

Министерството за образование не попушта. Најавува пробни матурски испити во ноемрви за да ги увери средношколците дека крајниот испит нема да биде тежок.

Заменик министерот Јован Лазаров се повикува на законот. - Во 2007/08 во законот за високо образование е предвидено дека услов за упис на универзитетите е положен матурски испит. Оттука нема причини министерството за образование и наука да го одложи матурскиот испит - вели заменик министерот.

Средношколците не се добро информирани оценуваат во министерството за образование и најавуваат отворање канцаларии каде учениците подобро ќе се запознаат со завршниот матурски испит.

Партиите ги искористија протестите на средношколците за пресметка со политичките противници. Власта ја обвини опозицијата дека стои зад средношколскиот револт. Ги манипулира средношпколците и ги вади на улица. СДСМ возврати дека тоа се методи на ВМРО ДПМНЕ која сега како владејачка партија е одговорна за состојбите во државата.

Матурскиот испит ќе се полага во јуни. Мајчин јазик и математика или странски јазик по избор, два општи предмета и една проектна задача. Полагањето ќе биде услов за запишување на факултет затоа што од следната учебна година нема да има приемни испити на државните универзитети.