1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Српскиот владика Лаврентиј оптимист во врска со решавање на спорот меѓу МПЦ и СПЦ

Горан Петрески 29 октомври 2007

Македонската и српската православна црква се едно. Бог ќе не зближи и соедини, вели за Дојче Веле, српскиот владика Лаврентиј. Според него црквата може многу да придонесе да се смират и раскараните балкански народи.

https://p.dw.com/p/Bxd4
Свети Наум во ОхридФотографија: AP

Митрополитот шабачки, владиката Лаврентиј кој на меѓурелигиската конференција во Охрид ја предводеше српската црковна делегација, смета дека црквата може да направи многу за раскараните балкански народи. „Тука црквата може многу да придонесе. Пред се’ ние проповедаме дека сме еден заеднички родител и тоа мора да го покажеме на дело во сопствениот живот, оти ако ние не можеме тоа да го покажеме, неможеме да очекуваме да се однесуваат така оние што не веруваат.“

Средбата на верските претсавници во Охрид, била добра шанса за луѓето од различни цркви и религии се запознаат меѓусебе, смета владиката Лаврентиј, според кого неможете некого да засакате додека не го запознаете. Како пример наведува некоја претходна конференција. „Кога се сретнавме со претставниците на исламот се гледавме исплашено, после четири дена ни беше жал што се разделуваме. Преку тие средби луѓето се засакуваат меѓусебе, ние имаме многу повеќе заеднички нешта, отколку што знаеме и мислиме, имаме многу повеќе од она што не соединува отколку од она што не раздвојува.“

Членот на Српскиот Синод е оптимист во врска со решавањето на спорот меѓу македонската и српската црква. Решениетот треба да биде прифатливо за двете страни, да нема губитници и добитници. „Тоа не би било успех ако некој е поразен а друг награден. Важно е сите да бидеме задоволни, а за тоа треба добра воља. Бог, Бог ќе не зближи и соедини.“ вели српскиот владика Лаврентиј прашан за спорот меѓу Македонската и Српската православна црква.

Македонската и Српската црква со години спорат околу името и статусот на МПЦ. Српската црква бара Македонската да го промени името за да и биде призната автокефалноста.