1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ставревски во Баварија

5 декември 2006

Македонскиот вицепремиер за економски прашања, Зоран Ставревски денеска и утре престојува во работна посета на германската покраина Баварија.

https://p.dw.com/p/AeK7
Баварија
Баварија

Во Минхен Ставревски ќе се сретне со баварскиот министер за економија, инфраструктура, транспорт и технологија на Баварија, Ервин Хубер. Посетата ќе се искористи за унапредување на германско македонската соработка. При посетата на Баварија вице премиерот Ставревски ќе биде придружуван од советникот на македонската влада Тео Вајгел.