1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стандарди и статус истовремено

23 октомври 2004

И натаму за Косово важи принципот “Стандарди пред статус“: најнапред мора да се исполнат демократските и стандардите на правната држава, пред да се решава прашањето за идниот статус што во резолуцијата 1244 свесно е оставено отворено.

https://p.dw.com/p/AcKO
На Косово денеска се гласа: шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен
На Косово денеска се гласа: шефот на УНМИК Сорен Јесен ПетерсенФотографија: AP

Што ќе се случи со Косово? Расте нестрпливоста во регионот, но и кај меѓународните организации конечно да се најде долгорочно решение за ова прашање. Нејасниот статус на протекторатот на ОН ги засенчува економскиот и политичкиот развој. Сепак, во изминатите недели дојде до раздвижување во меѓународната заедница. Михаел Шефер, политички директор во германското министерство за надворешни работи ги објаснува потезите на новиот шеф на УНМИК Сорен Јесен Петерсен:

“Нема помалку стандарди туку се вели: постои низа клучни стандарди и клучни позиции врз кои мора да се насочи вниманието. Тоа не значи дека другите стандарди не треба да се исполнат, но тиа можат да бидат исполнети во текот на овие процеси или паралелно со преговорите за статусот“.

Концентрирањето врз клучните стандарди и истовремените преговори за статусот се двата нови темела на политиката кон Косово. Претседателот на друштвото за Југоисточна Европа Гернот Ерлер тврди:

“Не можеме тоа да го направи по редослед: прво стандарди, потоа статус. Мора обете да се одвиваат како еден пакет. Но, тоа истовремено значи и многу јасни барања до албанските авторитети за преземање сопствена одгвоорност со јасни критериуми: ако има безбедност, што значи безбедност за малцинствата, ние сме подготвени да го забрзаме процесот за прашањето на статусот. Тоа може да функционира, но претставува и ризик“.

Безбедноста на српското малциснтво и неговата интеграција во косовското општество сигурно е централниот проблем според чие решавање ќе биде мерен секој успех на Косово. А, одговорноста за тоа не е само врз албанското население, туку и врз КФОР, УНМИК, но и врз раководството во Белград. Зашто во главниот град на Србија ќе се решава за косовската политика. Гернот Ерлер вели:

“Клучот се разбира е во Белград. Белград има соодговорност за судбината на сонародниците на Косово. Бојкотот на изборите е мизерен сигнал за способноста за соработка и за сфаќањето на процесот на консолидација на Косово“.

Кон Белград е упатен истиот сигнал како и кон Приштина: без готовност за компромис нема приближување кон ЕУ. Со ваквата политика треба да се зголеми притисокот за директен дијалог меѓу Приштина и Белград кој треба да донесе компромис. Нејасно е што ќе се случи на крајот од таквиот процес. Многумина западни политичари го претпочитаат решението според кое Косово би било дел од тројниот сојуз со Србија и Црна Гора. Меѓутоа, меѓу желбите на Запад и реалноста на Балканот разликата е голема.