1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Станковиќ демантира дека биле условувани за Косово

10 април 2007
https://p.dw.com/p/AgFR

Српскиот министер за одбрана Зоран Станковиќ ги демантираше тврдењата дека Русија побарала Србија да се откаже од евроатлантските интеграции, во замена за вето во СБ.

Ни Русија ни НАТО не ја условуваат нашата земја со некакви погодности во замена за независност на Косово, изјави Станковиќ. Тој ја демантираше и информацијата дека главен услов за прием на Србија во Партнерството за мир било да се откаже од Косово.