1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Старо нови светски шампиони

1 октомври 2007

Германската женската фудбалска репрезентација на првенството во Кина успеа да ја одбрани титулата светски првак и тоа без ниту еден примен гол. Германките во финалето во Шангај беа подобри од Бразил со 2:0.

https://p.dw.com/p/Bla0
Радост по триумфотФотографија: AP

Славје , радост и насмевки на теренот на фудбалскиот стадион во Шангај . Германија е светски првак. Пред турнирот тоа не го очекуваа многумина , но девојките од Германија , играа се подобро и подобро од натпревар во натпревар , па така и во финалето. Во првото полувреме доминираа Бразилките , меѓутоа не успеаја да постигнат гол.

Тоа меѓутоа во продолжението полувреме им успеа на Бригит Принц и Симоне Лаудер. Сојузниот тренер Силвија Најд , можеше да извлече позитивен биланс од натпреварот:

„Сме играле многу подобро и во нападот, но ние денеска моравме да се ограничиме на тоа како да го спречиме танцот на Бразилките со многу трчање и работа на теренот , и тоа ни успеа . Мене ми е сеедно дали тоа беше најубавиот натпревар или не . Во секој случај многу е убаво по втор пат да се биде светски првак“

Андерер, играч на мечот

Најдобар играч на финалето беше голманот на германската репрезентација Надин Ангерер , која успеја да одбрани пенал и да го заврши првенството без примен гол. Воодушеви и Симоне Лаудер. Младата девојка од Дуизбург го постигна одлучувачкиот гол за два спрема нула пет минути пред крајот на регуларните 90 минути од натпреварот:

„ Беше извонредно. Тие 2:0 беа одлучувачки и пред се последните пет минути се случи емоционална експлозија. Кога може да се стане светски шампион во фудбал за жени со 21 година? Тоа е извонредно.

За старо новиот првак, финалето во Шангај мина како и целиот турнир во Кина. Во одлучувачки момент екипата знаеше да го покаже најдоброто . Така беше и против Бразил. Биргит Принц објаснува:

„ Денеска ја имавме и неопходната среќа, при некои акции , но во секој случај, ние постигнавме голови, функциониравме добро како тим и затоа залужено станавме светски превенки“

Честитки и од Ангела Меркел

Честитки за одбараната на титулата до германската фудбалска репрезентација веднаш пристигнаа и од адресата број еден во Берлин . Канцеларката Меркел беше воодушевена:

„ Од се срце и честитам на нашата фудбалска репрезентација . Тоа е одбрана на титулата во извонреден натпревар . Досега ниту еднаш во женскиот фудбал една репрезентација не успеала да освои првенство без да прими гол. Тоа беше извонреден настап и оној што ги виде головите , можеше да види колку воодушевувачки може да биде германскиот фудбал. Сега со уште поголема мотивација ќе се бориме наредното светско првенство во фудбал за жени да се одржи во Германија“

За Бразилките остнаа само индивидуалните признанија. Најдобрата фудбалерка во светот, Марта со седум постигнати голови беше најдобар стрелец на шампионатот а ја освои и златната топка за најдобар играч на првенството . За најдобар голман беше прогласена Германката Надин Ангерер. Третото место на ова Светско првенство го освоија САД кои во малото финале беа поуспешни од Норвешка со 4:1.