Старт на учебната година
1 септември 2010Стартот на наставата е втора фаза од проектот за унапредување на интеретничката комуникација и толеранција во Македонија. Овој концепт за средното образование, засега единствен во Македонија и веројатно меѓу првите од таков вид и на Балканот, е усвоен со одлуки на донаторот - Владата на Норвешка и на Министерството за образование на Македонија, по успешните резултати од досегашното функционирање на првото интегрирано македонско-албанско основно училиште „Фритјоф Нансен“, во истото населено место.
Овој модел на образование, според претставниците на меѓународната заедница присутни на свеченоста, е не само придонес кон подобрувањето на односите меѓу етникумите во Македонија, туку и кон зацврстувањето на нејзината етничка и политичка стабилност.
Автор: Свето Тоевски
Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска