1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стојчев – шеста победа на Охридскиот маратон

22 јули 2007

На маратонот учествуваа 16 пливачи

https://p.dw.com/p/BKiu
Маратонот се одржа во водите на Охридското езеро на релација Свети Наум - ОхридФотографија: dpa

Петар Стојчев од Бугарија е победник на 21-от меѓународен Охриски пливачки маратон. По 30 испливани километри, во возбудлив финиш Стојчев беше 3 секунди побрз од Аргентинецот Дамиан Блаум, а шест од третопласираниот, својот сонародник Тихомир Иванчев.

Во женска конкуренција победи Естер Нуњес Морера од Шпанија, која имаше севкупно шесто најдобро време, додека најдобропласиран од македонските пливачи е 17-годишниот Евгерниј Поп-Ацев. Тој е седми во машка конкуренција, а севкупно деветти. Учествуваа 16 пливачи – 11 мажи и 5 жени.