1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Страв од сиромашните мигранти во Германија

Наоми Конрад/Кристијан Стефанеску/Б. Георгиевски20 февруари 2013

Градовите во Германија стравуваат од наплив од сиромашни мигранти од Германија и Бугарија од следната година. Го посетивме северот на Дортмунд, каде луѓето чекаат работа на студот. Мнозинството се Роми.

https://p.dw.com/p/17h4w
Фотографија: DW/N.Conrad

Часовникот покажува неколку минути по шест наутро. Студот влегува низ пукнатините на влезната врата. Десетина мажи седат во задушливото кафуле. Мирис на цигари без филтер во комбинација со музика која доаѓа од малиот телевизор. Мажите зјапаат во екранот од кој пее една млада жена. Воглавно сите молчат. Кафето тука чини 50 центи и се сервира во пластични чашки.

Подоцна попладнето, неколкумина од мажите играат карти, дел од останатите си ја испробуваат среќата на автоматите за игри на среќа. Неколкумина стојат надвор пред кафулето, на крстосницата. По неколку часа и натаму стојат на истото место. Очекуваат пред нив да застане некој автомобил и да им биде понудена работа, која е вообичаено слабо платена. Ова е „работничко ќоше“, како што го нарекуваат многумина во Дортмунд аголот каде се очекува слабо платена работа.

„Барате ли работници?“ Младиот човек кој продава пиво и слатки во локалниот киоск климнува со главата и покажува кон мажите. „Прашајте едноставно“. Тој го отвора прозорот и довикнува: „Работа?“ Ангел се насмевнува. Тој седи на шанкот во тмурното кафуле и го меша шеќерот во чајот за педесет центи. Келнерката, една млада Бугарка се вмешува. Таа се смее пријателски. Ангел може се’: тапацира, составува мебел, лепи. Ангел доаѓа од Бугарија, како и повеќето луѓе во кафулето. Мнозинството се Роми од Пловдив. Неколкумина се и од Романија, објаснува Франк Меркел од организацијата Каритас во Дортмунд. Како вработен во црковната организација тој уште од 2007 година го следи напливот на Роми од Источна Европа, по отворањето на границите. Мнозинството од мажите кои бараат работа во градот немаат образование, а неколкумина се и аналфабети. Во нивните земји немаат никаква перспектива.

Duisburg Marxloh Roma
Фотографија: DW/C. Stefanescu

Засилени контроли

„Луѓето успеваат некако да се снајдат. Во неволја луѓето се креативни“, вели Меркел. Интеграцијата на Ромите е тешка, кај овие луѓе обезбедувањето на егзистенцијата е на прво место. За нив е најважно да обезбедат доволно храна на трпезата, за соседски дружења и запознавање не се многу заинтересирани, вели Меркел.

Досега Бугарите и Романците смееја да доаѓаат во Германија, но до почетокот на 2014 година европските земји за нив постојат ограничувањата за работа. Меѓутоа тие можат само самостојно да работат, а исклучок се единствено академиците. Уште од пред 3,4 години има засилени контроли на градилиштата и тоа воопшто не им ја олеснува работата на Ромите. „Оттогаш се’ е позадскриено“.

За дивите работници Јирген Валтер не сака да говори. Шефот на одделот за безбедност на градот Дортмунд повеќе сака да говори за тоа дека Дортмунд е „град за пример“. Или за тоа дека од 2011 година кога беа забранети „уличните работници“ криминалот драстично опаднал. Понатаму, тој ни кажува и дека градот го решил проблемот со „проблематичните куќи“: до пред извесно време имало 60-ина куќи во кои живееле големи семејства- „цели кланови“, во мали соби, често без вода и струја. Сега, според Валтер, останатите се само 30-ина вакви куќи.

Страв од доселување

Од јануари 2014. Бугарите и Романците ќе можат неограничено да работат, а на располагање ќе им стои и социјалната заштита. Оттука Валтер предвидува „голем напад“ врз Германија и врз нејзиниот социјален систем. Здружението на германски градови веќе го вклучи алармот поради можниот бран на сиромашни мигранти.

23.10.2012 deutschland heute Roma

Но Меркел ги отфрла таквите стравувања. „Тогаш ќе биде полесно да се најде и работа“, вели тој. И сега многу Бугари и Романци се одлучуваат да останат подолго. Тоа звучи надежно. Затоа што и децата посетуваат училиште, учат германски и им се отвораат повеќе опции за интеграција. Конечно, се надева Меркел, и матичните земји подобро ќе се справуваат со миграцијата, преку интеграција на Ромите, образование и работа.

И Ангел сака да научи германски, да посетува курс. „Затоа што тоа е важно. Без германски човек тука не може да напредува“, вели тој и си заминува, затоа што му доаѓаат муштерии кои мора да ги услужи. На заминување ни дофрла: побарајте го Ангел во секое време. Тој може да ви помогне.