1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стратегија за борба против пиратеријата

Силвера Падори12 април 2007

Како да им се стави крај на повредата на права за производите, фалсификувањето на марки и пазарната пиратерија ќе бидат теми и на самитот на осумте најразвиени земји од светот кој ќе се оддржи во јуни го Хајилигендам.

https://p.dw.com/p/AeIo
Наоми Кембел на модна ревија на Долче и Габана
Наоми Кембел на модна ревија на Долче и ГабанаФотографија: AP

Обичниот потрошувач не е имун на производите со марка. Особено ако се нудат за малку пари, а носат етикета на светски познат производител. Така фалсификатите на рачнниот часовник “Ролекс“, најновото ЦД на Стинг или последните модели на Гучи, Долче и Кабана иако не се оригинали им носат радост на многумина кои не трагаат по квалитет, туку само по наводното чувство на луксуз. Од пиратските марки страдаат националните економии од светот меѓу кои и германската. Но на пазарот не пристигнуваат само фалсификати на продукти за широка потрошувачка, туку и лекови, делови од автомобили и авиони кои се ризик за безбедноста и здравјето.

Заради тоа германското стопанство и политика со посебна стратегија сака да им стави крај на пиратите. „Наша цел е оваа соработка која е кај нас востановена да биде развиена и применета и на нивото на Г8. Тоа значи владите и стопанството на најразвиените земји да се заложат за борба против пиратеријата. Тоа подразбира создавање на една заедничка мрежа и еден нов функционален систем меѓу царината и администрацијата", вели Бернд Фафенбах државен секретар во Сојузното министерство за економија и технологија. Според него на јунскиот самитот на Г8 ќе бидат поканети и земјите од кои потекнуваат пиратските производи и ќе бидат повикани и трие да се вклучат во борбата против пиратеријата.

„Азија е се уште најголем извор од каде пристигнуваат пиратските производи. Оттаму потекнуваат дури 60 проценти. Според проценките, пиратските производи годишно го оштетуваат меѓународното стопанство со 120 милијарди евра. Фалсификуваната продукцијата не пристигнува само од Кина, туку и Тајланд, Малезија, Турција. Во Германија минатат година се запленети копирани производи во вредност од 1,2 милијарди евра " - кажува Клаус Бројниг од Здружението на германската индустрија.

Германија живее од иновации и затоа и е потребно ефикасн заштитување на патентите и интелектуалната соптевснот. За спроведување на стартегијата која е порезентирана во едно сино книже е неопхдона соработка. Политиката да се грижи за ефикасност и имплементација на законодавство. Стопанството да се ангажира на три нивоа. Да води дијалог со земјите од каде потекнуваат пиратските производи. Да изгради свест кај политичарите и потропшувачите за штетите кои тие ги создаваат .И најпосле да им се помогне на претпријата кои се конкретно погодени од пиратските производи.