1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стрес-тест за банките

23 јули 2010

Денеска (23.07) ќе бидат објавени резултатите од стрес-тестот за банките. Големото прашање е кој ќе го положи испитот, а кој не. Со тестот се врши проверка дали кредитните институти се подготвени за екстремни состојби.

https://p.dw.com/p/ORdN
Со стрес-тестот не е предвиден државен банкротФотографија: DW

При стрес-тестот се инсинуира дека драстично опаднала вредноста на државните обврзници на поединечни земји, во случајот на Грција за 20 отсто. Многу банки имаат државни обврзници кои вредат милијарди. Освен ова, предвид се зема дека економската моќ во еврозоната се намалува за три проценти. Поради тоа, некои фирми банкротираат, а тоа предизвикува неплаќање на кредитите.

Стрес-тестот не ги исполни очекувањата

Со стрес-тестот не е предвиден државен банкрот, како на пример на Грција, се жалат критичарите. Тие обвинуваат дека и денес, во секој случај, е можен банкрот на земја од еврозоната. Од Европската унија контрираат дека постои добра причина поради која во стрес-тестот не е предвиден државен банкрот. Имено, затоа постои заштитниот пакет на ЕУ, кој во одредена мера го оневозможува државниот банкрот.

Symbolbild zum Rettungsschirm der EU
Заштитниот пакет на ЕУ делумно го оневозможува државниот банкротФотографија: Picture-alliance/dpa

Училишните тестови ги исполнија очекувањата, но тоа не важи за стрес-тестот за банките. Критичарите тврдат дека тестот е така конципиран, што секоја банка може да го положи. Со тоа се поставува прашањето за значењето на стрес-тестот.

Една банка формално го поминала тестот, кога се‘ уште има големи резерви, така што резервите изнесуваат најмалку шест проценти од позајмените пари. Според искуствата, тоа претставува знак дека банката презема доволно мерки за спречување загуби. Доколку банката не го помине стрес-тестот, за разлика од учениците, нема една цела година да се поправи. Таа мора да реагира што е можно побрзо, инаку и‘ се заканува големо опаѓање на веродостојноста, кое исто така може да доведе до банкрот.

Автор: Милто Арсенопулос / Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска