1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Студената војна заврши

5 јуни 2007

Порача денеска американскиот претседател Џорџ Буш во Чешка . Тој ја повика Русија да соработува во поставувањето на планираниот американски ракетен штит.

https://p.dw.com/p/AoS3
Фотографија: AP
Американскиот претседател Џорџ Буш одново го повика рускиот претседател Владимир Путин , да се вклучи во планираниот американски систем за заштита од ракетни напади во Средна Европа .

Русија треба да ги испрати своите генерали и научници , за да соработуваат со Американците – изјави Буш по разговорите во Прага со чешкиот претседател Вацлав Клаус и премиерот Мирек Тополанек.

“ Студената војна заврши ” истакна Буш . Русија нема причина , да стравува од планираниот ракетен одбранбен систем. Тој е насочен кон екстремистите и одметничките земји , како Иран и С. Кореја со цел слободниот свет да не биде уценуван.

И Чесите не мораат да одлучуваат дали ќе бидат пријатели на САД или Русија. Прага може да биде пријател со двете земји – изјави американскиот претседател. Тој притоа ја истакна важноста на Чешка како сојузник на САД.

“Мислам дека е важно за луѓето во Чешка да сватат дека мојата прва посета е тука. Причината заради тоа е што и луѓето во САД и се воодушевуваат на големата сила и карактерот кој го покажува народот во Чешка. Тоа е голема желба за слобода. Луѓето во оваа земја преземаат сериозен ризик за да можат да живеат во слободно општество“ рече Буш и додаде:

“ Ние многу ја цениме нашата поврзаност, билатералните контакти и односите во трансатлантската комуникација. Многу ви благодарам за фактот што сте наши силни сојузници во борбата против екстремистите и радикалите кои го порекнуваат правото на другите да живеат во слободно општество“

Чешкиот претседател Клаус на заедничката пресконференција со Буш во замокот Храдчани пак изјави дека Чешка и САД се целосно единствени околу ракетниот одбранбен систем . Двете страни веруваат меѓутоа дека е важно Русија и претседателот Владимир Путин да ги подржат плановите. Потребна е колку што е можно поголема подршка за системот- истакна Клаус .

За разлика од властите во Прага , луѓето во Чешка не се наклонети кон американските планови . Речиси 70 насто им се спротиставуваат а уште од вчеравечер кога Буш пристигнуваше во Прага се одржуваа протести.

Прага е прва станица на европската турнеја на американскиот претседател кој вечерва треба да пристигне во Хајлигендам на Самитот на Г8.