1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Студеното време - виновник за зголемување на невработеноста

8 јануари 2004
https://p.dw.com/p/AeSL

Во зима, по традиција, на гермаснкиот работен пазар изгледа црно, затоа што во овие месеци се забележуваат сезонските влијанија на студеното невреме врз работниот пазар. Статистиката сепак споредбено излезе умерена. Сеуште не може да се зборува за прекинување на алармот - но сепак се чини дека е стопиран надолниот развој. Од сојузниот завод за труд известува Ина Каус.

Зимата поздравува: Бројот на невработените во Германија во декември како и по обичај е зголемен. Тој се искачи за 132.000 лица на 4.316.000. За зголемувањето пред се' одговорна е временската состојба. Доколку се отсранат временските влијанија тогаш се заклучува дека невработеноста е опадната за забележителни 21.000. Сепак ова не е доволно за отстранување на алармот, истакна претседателот за финансии на сојузниот завод за труд, Франк - Јирген Вајзе:

" И покрај тоа што има индикатори за подобрување на конјуктурата, подобрувањето се'уште не е отсликано на работниот пазар. Вработеноста и натаму се намалува. "

За работниот пазар и покрај се' да се развива релативно поволно, според Франк - Јирген Вајзе, прдоинесе сменетата политика на сојузниот завод за труд. Поголем број кадар се повлече од управата и беше поверен со посредување на невработените. Освен ова невработените мора повеќе да влијаат при барањето на слободни работни места. На пример во декември се одјавија голем број невработени од заводот, 19 проценти повеќе отколу претходната година. Успех за сојузниот завод за труд, според шефот Флоријан Герстер.

"Една третина од исклучоците се појаснуваат преку Јас АГ и другите нови инструменти. Две третини на ова зголемување на работење заради невработеност - при слаба конјуктура- се резултатат на поконсеквентен менаџмент. "

Сепак бројот на невработените во годишен просек се зголеми на 4.376.000. Тоа се речиси 316.000 повеќе отколу во 2002 година. Виновник за лошата ситуација на работниот пазар во минатата година пред се' беше слабиот раст.

" Каде особено се отслика ова: во производната индустрија, каде што има рационализирачки добивки, што при една стагнирачка конјуктура доведува до намалување на работни места: Во градежната индустрија, и таму се'уште имаме објаснување за проблемите во источна Германија."

На тој начин во 2003 година се загубија 400.000 работни места . За 2004 година Герстер смета дека нема да има влошување на состојбата на работниот пазар. Тој прогнозира стагнација:

" Нашиот став за оваа година е оптимистички, се надеваме дека подобрата конјуктура ќе не поштеди и очекуваме во 2005 година да се случи вистински продор. "

За 2005 година Герстер смета, дека сојузната агенција за труд ќе може да излезе на крај без сојузниот додаток. До 2007 година според него треба да се намали и придоносот за осигурување од невработеност кој во моментов изнесува 6,5 проценти.