1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

Студија: Првите случаи на Ковид-19 во Кина датираат од 2019

ЖА / агенции
25 јуни 2021

Британска студија го доведува во прашање тврдењето на Кина за почетокот на пандемијата на коронавирус. Научниците сметаат дека вирусот се појавил најмалку два месеци пред официјалната потврда.

https://p.dw.com/p/3vXdo
China Wuhan | Coronavirus | WHO Untersuchung | Symbolbild
Фотографија: Getty Images

Научниците од Универзитетот во Кент сметаат дека коронавирусот во Кина се појавил најмалку два месеци порано отколку што претходно се претпоставуваше. Денеска објавената студија упатува на заклучокот дека првите случаи на вирусот датираат во периодот од почетокот на октомври со средината на ноември 2019 година. Како најверојатен термин експертите го наведуваат 17 ноември. Потоа, вирусот кој ја предизвикува болеста Ковид-19, веројато уште во јануари 2020 се проширил во цел свет, заклучуваат научниците. Нивните проценки се базираат врз математички методи и се објавени во стручниот магазин „PLOS Pathogens".

Калкулациите во новата британска студија покажуваат дека првата инфекција надвор од Кина била на 3 јануари во Јапонија.

Во Европа, според студијата, првиот случај на зараза бил откриен во Шпанија околу 12 јануари, а во САД околу 16 јануари 2020 година.

Повеќе:

Првите луѓе на ЕУ бараат јасност за потеклото на коронавирусот

Што знаеме за потеклото на пандемијата на коронавирусот?

„Дали армијата на САД го донесе коронавирусот во Вухан?“: Како Кина шири дезинформации за Ковид-19

Првиот официјално потврден случај на Ковид-19 Кина го пријави во декември 2019 година, тој се поврзуваше со пазар на кој се продаваа риби и диви животни во Вухан. Но, постојат други претходни случаи кај кои нема поврзаност со пазарот во Вухан. Тоа логички упатува на заклучок дека вирусот веќе бил во оптек пред да стигне до пазарот. Во заеднички поднесениот извештај на Кина и на Светската здравствена организација во март годинава, се доаѓа до заклучок дека уште пред избувнувањето на епидемијата во Вухан, можно е да постоеле спорадични инфекции кај луѓе.

Дебатата околу потеклото на коронавирусот е политички исклучително сензибилна. Кина стои под огромен меѓународен притисок да обезбеди транспарентност и пристап на научниците до потребните податоци. Американскиот претседател Џо Бајден неодамна изјави дека е важно да се открие дали коронавирусот има природно потекло или е резултат на „експеримент кој се случувал во некоја лабораторија“. Врз база на кинеските наводи, досега се сметаше дека вирусот на пазарот во Вухан преминал од животно врз луѓето.