1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Судири во Либан

4 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/Ao34

Двајца либански војници загинале а троца се повредени во ноќешните судири со палестинските милитанти во бегалскиот камп Аин Хелуе во јужен Либан. Агенциите јавуваат и за претсрелки во бегалскиот камп Нар ел Баред каде веќе три недели траат судирите меѓу либанската армија и палестинските милитанти кои таму се забарикадирани. Организацијата за заштита на човековите права Амнести Интернешнал изрази загриженост за ситуацијата на луѓето кои се наоѓаат во кампот.