1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Судир на париската полиција со хулигани

28 март 2007
https://p.dw.com/p/AgJo

Париската полиција употеби солзавец за да ги растера стотината хулигани кои правеле штета на северна железничка станица во градот. Дел од младите хулигани превртеле повеќе контејнери,искршиле повеќе прозорци и запалиле еден инфо пункт на станицата. Уапсени се повеќе лица. Причината за инцидентот е најверојатно кавга која настанала при контрола на еден патник без билет, кој потоа бил приведен.