1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сузане Остхоф грабната во Ирак

30 ноември 2005

Во Ирак досега се киднапирани повеќе од 200 странци – меѓу нив сега е и една Германка. Сузане Остхоф е жената која долги години работи во Ирак во хуманитарни организации но и како археолог помагајќи притоа да се спасат културните богатства на Ирак. Но сето ова не ги спречи нејзините грабнувачи да ја исполнат својата намера.

https://p.dw.com/p/AcAu
Сузане Остхоф во 2003 година
Сузане Остхоф во 2003 годинаФотографија: AP

Се уште не се познати грабнувачите, кои во петокот ја киднапираа Германката Сузане Остхоф и нејзиниот возач во Ирак. Во вторникот преку видео снимка доставена до првата германска телевизија беше поставен и политички ултиматум. Имено од Германија се бара да ја прекине соработката со ирачката влада, во спротивно киднапираните лица ќе бидат убиени.

Грабнувањето на Сузане Остхоф не е изненадување, најмалку таа знаела дека постојат закани за неа. Медиумите јавуваат дека Остхоф закани добила уште во октомври, но тоа не ја уплашило ангажираната жена.

Ирачките културни богатства се нејзиниот живот. Од нејзината младост Сузане Остхоф се интересира за ориентот, подоцна студираше археологија и научи арапски. Откако по војната во Ирак крадците го опустошија историскиот град Урук, таа се обиде барем да ги докумнетира нанесените штети. Сузане Остхоф на 28 мај 2003 година крај оштетните ископини на историскиот град Урук изјави

„Тие сега се лоцирани во надворешниот дел, но напредуваат кон средината, се е направено од плитари и неповратливо е уништено.“

За хуманитерниот ангажман на Сузне Остхоф, зборува Михаел Осанг, детски лекар кој исто така е знгажиран за помош на децата во Ирак

„ Уште тогаш се залагаше со голем ангажман и многу работа, во најтешките борбени денови цели камиони со помош внесуваше во центарот на Багдад, тогаш кога ниту една хуманитарна организаиција не беше во состојба да го стори тоа.“

Сега хуманитерниот работник стана жртва.