1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Суров диктатор или архитект на ново Чиле?

11 декември 2006

Смртта на поранешниот чилеански диктатор Аугусто Пиноче предизвика поделени чувства и реакции.

https://p.dw.com/p/Adv3
Аугусто Пиноче
Аугусто ПиночеФотографија: AP

Смртта на Аугусто Пиноче во Латинска Америка претежно е прифатена со олеснување. Политичарите и претставниците на организациите за човекови права сметаат дека ова е и крај на една темна ера, истовремено жалејќи дека тој никогаш не бил осуден за своите дела.

Според зборовите на бразилскиот претседател Луис Игнацио Лула де Силва, Пиноче е дел од една темна епоха на Јужна Америка. „Тоа беше долга ноќ, во која светлата на деморкатијата беа угаснати од страна на авторитарни дикатори” рече Де Силва за воените диктатори во 70 и 80 години во Латинска Америка.

Борците за човекови права во Аргентина, веста за смртта на Пиноче ја пречекаа со одобрување но и жалење. „За Чиле, Латинска Америка и целиот свет ова е ден на олеснување.” рече Естела де Карлото претседателка на група во која членуваат членовите на семејствата на жртви од дикаурата во Аргентина. На сличен оддек веста наиде и во Венецуела.

За Изабел Аљенде смртта на поранешниот чилеански дикатор Аугусто Пиноче е половина победа. Ќерката на поранешниот чилеански претседател Салвадор Аљенде, соборен од Пиноче, жали што правосудните органи не ја завршиле работата до крај, во Мадрид таа истакна „Наша обврка е и натаму да работиме за повеќе праведност, поголема вистина. И се разбира за поголемо Никогаш повеќе. Ние сме обврзани на наредната генерација како наследство да и оставинме “никогаш повеќе” . Никогаш повеќе диктатор, никогаш повеќе прекин на демократски поредок, никогаш повеќе повреда на човековите права.” рече Изабел Аљенде

Во Европа, францускиот премиер Доминик де Вилпен оцени дека со смртта на Пиноче заврши една трагична епоха во историјата на Чиле. Жалиме што поранешниот диктатор, никогаш нема да биде осуден. Смета де Вилпен

Слична оценка доаѓа и од шпанецот Мигуел Моратинос „Единствено што жалиме што нема да може да биде осуден, но ќе го осуди историјата”

Приврзаниците на Пиноче наспрема ова зборуваат за заслуги на починатиот генерал. Конзервативната чилеанска партија „Независна демократска унија” објави дека Владата на Пиноче овозможила обнова на демократијата и институциите. Партијата изрази и надеж дека наредните генерации ќе ги преоценат делата на генералот Пиноче. Претседателот на фондацијата Пиноче пак Хернан Гуилот во коминикето за смртта, починатиот диктатор го нарече архитект на новото Чиле.