Сушата ја остави Германија без бензин

Бензински станици без бензин? За многу возачи во Германија тоа во моментов е реалност. Големата суша го запре и транспортот на нафта и нафтени деривати. Сега сите се надеваат на дожд за да протече бензин.

Патувањето до бензинската станица за многумина возачи овие денови значи разочарување - и не само поради високите цени на бензините. Голем број бензински станици мораа да ја сопрат продажбата на бензин и дизел, затоа што едноставно останаа без гориво, вели Штефан Цигер, раководител на сојузното здружение на слободни бензински станици во Бон. Повеќето станици добиваат резерви со неколку часови или денови задоцнување. Причина за застојот во снабдувањето е ниското ниво на реката Рајна, вели портпарол на компанијата Арал во Бохум.

Економија | 31.07.2018

„Танкерите кои пловат по Рајна не пренесуваат доволно гориво, затоа што можат да превезуваат само половина или дури и помалку бензин и дизел од нивната носивост“, вели тој. Водостојот на многу реки во Германија е драматично опаднат поради високите температури во текот на летото и големата суша која ја зафати земјата во последните месеци. Транспортните капацитети на бродовите во меѓувреме се заменуваат со камиони. 

Кои бензински станици ќе бидат погодени е тешко да се прогнозира, вели Цигер. „Тоа е како невреме. Никогаш не знаете каде ќе удри молња“.

Во Германија месечно се трошат околу 3 милиони тони дизел.
Двата национални празника во изминатите недели дополнително ја влошија состојбата, затоа што многу возачи полнеа дополнително гориво за да отпатуваат некаде подалеку.

По делови од реката Рајна пловењето на големите танкери повеќе не е можно

Министерството за економија на 24 октомври ослободи дел од националните резерви на нафта во регионот на Рајна- и тоа 70 илјадаи тони бензин, 150 илјади тони дизел и 56 илјади тони керозин.
Резервите им се даваат на компаниите членки на Асоцијацијата на нафтени резерви (ЕБВ) со седиште во Хамбург. Членките на оваа асоцијација самите одлучуваат дали сакаат да ги преземат резервите.

ЕБВ беше формирано во периодот на нафтената криза во 1970-те години. Таму се чуваат резерви на сурова нафта и деривати кои се доволни за 90-дневно снабдување на земјата во случај на криза, или севкупно 24 милиони тони. Досега многу ретко се посегаше по резервите, а последен пат за време на Либиската криза во 2011. Никогаш досега резервите не биле користени за надминување на логистички проблеми во снабдувањето во одреден регион.

Но и однесувањето на возачите го влошува проблемот, според Цигер. „Тие полнат повеќе и побрзо од вообичаено. Тоа побрзо ги празни резервите на бензинските станици. А тоа предизвикува домино ефект. Кога нема гориво на една станица, возачот оди на следната и потоа и тие остануваат без гориво“, вели Цигер.

Now live
01:02 минути
Сите содржини | 31.07.2018

Нема дожд, нема приноси

Од Асоцијацијата на нафтени резерви сметаат дека има уште можна причина за дупката во снабдувањето: имено експлозијата во една рафинерија во Баварија во септември, дополнително го намали капацитетот во јужна Германија и предизвика криза. Префрлањето на гориво од националните резерви не успеа да ја подобри состојбата.

Експертите велат дека релаксирање на состојбата со снабдувањето со гориво во Германија може да се очекува само доколку порасне водостојот на реките. Дотогаш, поради зголемената цена на транспортните трошоци, може да се очекува и натамошен раст на цените на бензините.

Германија: врело сонце и полиња во пламен

Невообичаено суво

На североистокот на Германија, речиси и да немаше дожд во последните неколку месеци. Државната метеоролошка служба вели дека во покраината Саксонија-Анхалт паднале само 15 литри дожд на метар квадратен- околу една четвртина од просечното количество за овој регион. Во останатите делови од Германија паднеле само 50 литри дожд на метар квадратен што претставува половина од вообичаенато количество.

Германија: врело сонце и полиња во пламен

Непредвидливо време

И оној малку дожд кој падна, не падна рамномерно. Во мај, државната метеоролошка служба предупреди на потенцијални шумски пожари во Долна Сакасонија. Во меѓувреме на југозападот од Германија, некои градови се соочија со обилни врнежи кои поплавија подруми и патишта- како што е случај во Фишбах, во покраината Рајнланд-Фалц.

Германија: врело сонце и полиња во пламен

Предупредувања од пожари

Опасноста од шумски пожари е исклучително висока во целата земја. Најкритично е во покраината Бранденбург. Во последните неколку недели, властите мораа да изгаснат над 100 пожари. Неодамна, 100 хектари шуми и ниви целосно изгореа во областа Одра-Шпре. Властите во Бранденбург изјавија дека 90 насто од пожарите се предизвикани од невнимателност на луѓето.

Германија: врело сонце и полиња во пламен

Многу работа за пожарникарите

Беа потребни 40 пожарникари и 13 часа да се угасне пожарот кој беснееше во реонот Одра-Шпре во покраината Бранденбург. Сепак, пожарот во Росток не го предизвика човечки фактор, туку во прашање е птица. Полицијата видела како птицата предизвикала кус спој на електричен кабел, кој предизвикал пожар на полето во близина.

Германија: врело сонце и полиња во пламен

Потрага за нови извори

Пожарникарите од покраината Сакасонија-Анхалт имаа толку многу работа што мораа да пронајдат креативен начин за да дојдат до нови резерви на вода. Поради тоа се упатиле кон блискиот базен и го наполниле резервоарот. Сушата не само што ја зголемува можноста за пожар, туку претставува и голема закан за земјоделците.

Германија: врело сонце и полиња во пламен

Рани жетви, ниски приноси

Невообичаено сувото време принуди многу земјоделци да ги жнеат своите насади порано. Од Асоцијацијата на германски земјоделци велат дека дури и во април било претопло и суво. Тоа значи дека културите ќе созреат многу порано, и покрај тоа што недоволното количество дожд довело до ниски приноси. Во меѓувреме, ненадејните обилни дождови доведоа до уште полоша ситуација- уништија дел од насадите.

Германија: врело сонце и полиња во пламен

Неплодна година

Компирот, шекерната трска и пченката, инаку, се жнеат на есен. Бараат многу повеќе вода од пченицата и репката. Поради невообичаените суви временски услови, германските полиња со пченка се во лоша состојба. Претседателот на Асоцијацијата на германски земјоделци, Јоаким Руквид, е песимистичен и стравува дека неплодната година би можела да го загрози изворот на приходи за многу земјоделци.

Германија: врело сонце и полиња во пламен

Без вода на повидок

Постојат два вида на суша: „Сушата во метеоролошки смисол се однесува на намалување на долгорочно гледаниот просек на врнежи за еден месец“, вели Штефан Тобер од Центарот за истражување на животната средина од Хелмхолц. Ова предизвикува суша во земјоделски смисол, што значи оти во почвата нема доволно вода. Тоа претставува проблем за пченицата и за ливадите на бреговите на реката Елба во Дрезден.

Германија: врело сонце и полиња во пламен

Вегетацијата се прилагодува на топлината

„Екстремно сушен период може да предизвика долготрајна штета за дрвјата, и обновувањето трае долго“, вели Инголф Кун од Центарот за истражување на животната средина во Хелмхолц. Вегетацијата има т.н. меморија, и може да се прилагоди доколку недостатокот на врнежи потрае неколку години. Некои градови ги повикаа граѓаните да помогнат и да ја наводнуваат вегетацијата.

Германија: врело сонце и полиња во пламен

Проблеми на реката Рајна

Реката Рајна и нејзините притоки се спуштија на опасно ниво, што доведе до ограничување на речниот транспорт. Канцеларијата на Сојузното оделение за пловидба и транспорт во Манхајм потврди дека додека не се подобрат условите, бродовите во горниот дел на Рајна можат да носат само 1.500 тони товар, а инаку пренесуваат 3.000 тона или повеќе.

Следете нѐ