1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

С. Кореја изврши проба на атомска бомба

9 октомври 2006

Заканите на Северна Кореја најверојатно се обистинија. Првиот атомски тест на Северна Кореја наиде на остра осуда пред се’ во нејзиното поблиско опкружување.

https://p.dw.com/p/Ac2d

И покрај сите меѓународни предупредувања, Северна Кореја ја изврши пробата што ја најави минатиот вторник без прецизирање кога тоа би можело да се случи. Според официјалната севернокорејска информативна агенција КЦНА, која пробата ја означи како историски настан, не постоела опасност од испуштање радиоактивност. Бомбата била со сила од 550 тони тринитротолуол. Пробата, како што претходно беше образложено од Пјонгјанг, треба да послужи како застрашување против можен напад од САД и земјата била принудена на тој чекор со американските санкции и притисок.

Министерството за одбрана на јужниот дел на поделената земја соопшти дека тестот е извршен во зафрлен дел на североистокот на Северна Кореја. Во тој регион пробата предизвика потрес со сила од 3,5 до 3,7 степени. Јужнокорејскиот претседател Ро Му Хјун во Сеул свика итна седница на надлежните министри, а во меѓувреме веќе ја зашпре хуманитарната помош за Северна Кореја. За извршената проба прва јави јужнокорејската агенција Јонап. Од американската армија се вели дека сите знаци зборуваат оти тоа навистина се случило, иако американски геолози не го регистрир аа потресот.

Веќе најавата за можна проба предизвика загриженост во светот. Нејзиното извршување се совпаѓа со посетата на новиот јапонски премиер Шинзо Абе на Јужна Кореја. Претходниот ден, за време на неговиот престој во Пекинг, Јапонија и Кина уште еднаш категорично го предупредија режимот во Пјонгјанг да не врши атомски тест.

САД наводниот атомски тест го означија како провокација. Ако тоа се потврди, мора неодложно да дејствува Советот за безбедност на ОН, рече портпарол на Белата куќа во Вашингтон. Кинеското министерство за надворешни работи соопшти дека категорично го отфрла однесувањето на владата во Пјонгјанг и искажа надеж дека Северна Кореја наскоро ќе се вреати кон шестпартитните преговори. Јапонија го осуди тестот како провокација и сериозна закана во регионот. Доколку се потврди веста, Јапонија ќе поднесе во Советот за безбедност на ОН резолуцијакоја дозволува примена на главата 7 од Повелбата на светската организација, со која се овозможува примена на далекусежни економски снакции и воени средства. Австралискиот премиер Џон Хауард во парламентот на земјата рече дека сеизмичките мерења го потврдиле подземниот атомски тест.