1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тадиќ за Косово и безбедносната ситуација

27 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BkE1

Српскиот претседател Борис Тадиќ денеска во Њујорк изјави дека добил информации според кои терористи од Косово кои избегале од затворите се собираат на локации во северниот дел на Македонија кои ги користеле како бази за време на нападите врз цели во јужна Србија. Тадиќ за ова веќе зборувал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, а најави дека ќе ги информира и највисоките претставници на ОН. Белград според него е подготвен на одбрана на своите интереси. Српскиот претседател смета дека Белград и Приштина на утрешните директни преговори имаат шанса да ги поместат преговарачките позиции. Денеска во Њујорк на тема Косово ќе разговараат и министрите за надворешни работи на земјите членки на Контакт групата.