1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тадиќ и Додик-кој е кому попотребен?

16 јануари 2012

Прославата на 20 години од Република Српска повторно го покрена прашањето за загрозување на идентитетот на БиХ. Дали политиката која Србија ја води кон Република Српска претставува опасност во регионот?

https://p.dw.com/p/13jAK
Борис Тадиќ и Молорад ДодикФотографија: DW

Односите меѓу Србија и Република Српска, како и доделувањето орден на српскиот претседател Борис Тадиќ по повод 20 години од постоењето на Република Српска за Драган Поповиќ, директор на Центарот за практична полтика, претставуваат дел од политичкиот маркетинг. Очигледно дека и за Милорад Додик, како претседател на РС и за Борис Тадиќ, српски претседател, меѓусебните добри односи се сериозен дел од политичкиот маркетинг и борбата за гласачкото тело.Тие на таков начин им покажуваат на своите бирачи во РС и Србија дека одржуват добри односи, а тоа е некој вид нивна легитимација:

„За претседателот на Србија Борис Тадиќ тоа пред се‘ е легитимација дека не е предавник, дека не е она што му го припишува десната опозиција во Србија. За Милорад Додик тоа е друг вид легитимација-дека соработува со еден продемократски и проевсропски српски претседател на Србија. Така и тој има некој вид легитимација-не е она што беше Радован Караџиќ или екипата на власт која ги водеше Србите во тоа време“.

No Flash Boris Tadic und Milorad Dodik
Фотографија: DW

Финална стратегија на Белград?

Целата манифестација за 20-годишнината од РС всушност беше демонстрација на финалната стратегија на Белград, оценува за Дојче веле Соња Бисерко, претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права во Србија:

„Тоа е дека Република Српска тајно е третирана како воен плен, што е индицирано во многу изјави, како на пример дека РС е најмлада српска држава, што се разбира не соодветствува на третманот според Дејтонскиот договор. Значи, тоа беше едноставно собир на сите Срби од регионот, лидери, претседатели, патријарси, сите релевантни српски достоинственици кои отидоа во РС за на некој начин да ја потврдат својата ориентација“.

Индикативно е исто така што Милорад Додик во една своја изјава рече дека добил честитка од Иво Јосиповиќ, хрватскиот претседател, што тој го демантираше. Тоа требаше да имплицира некакво хрватско соучесништво во незадоволството од БиХ како држава, истакнува Соња Бисерко.

Пронаоѓање позитивна улога на Белград

Драган Поповиќ претпоставува дека во односот меѓу двајцата претседатели, Милорад Додик му е нешто попотребен на Борис Тадиќ, зашто тој на таков начин покажува пред своите бирачи дека не се откажал од интересите на Србите во другите држави.

Многумина аналитичари ваквиот во однос на Србија и РС гледаат опасност по интегритетот на БиХ и некој вид латентна закана за нејзиниот опстанок. Меѓутоа, сето тоа не би требало да се набњудува само во негативен контекст, смета Поповиќ.

Präsidentin des Helsinki Komitees für Menschenrechte in Serbien, Sonja Biserko
Соња БисеркоФотографија: picture-alliance/dpa

„Едоставно, наместо во залудна борба за укинување на ентитетите во БиХ, можеби требаше да се тргне од друга страна: ентитетите да се прифатат како реалност, а да се работи на преоѓање врз БиХ на се‘ повеќе од функциите неопходни за нормално функционирање на една држава. Во тој контекст односот меѓу Србија и РС може да биде и интегрирачки фактор за БиХ. Ако Србија има доволно влијание врз раководството на РС и ако може да помогне во префрлувањето на некои функции на ниво на БиХ, барем она што е неопходно за нејзините евроатлански интеграции, мислам дека во тој смисол односот може да има некоја позитивна улога“.

Континуитет на српската политика

Во политички смисол Борис Тадиќ секако му е многу попотребен на Милорад Додик, оценува Соња Бисерко. Би можело да се каже-Додик секогаш ја има поддршката на оној кој ја води Србија, претходно од Војислав Коштуница, а сега од Борис Тадиќ, што покажува некој континуитет на политиката кон РС, смета Бисерко. Се‘ што се случуваше по повод 20-годишнината од Република Срспка, само го покажа негативниот став кон државата Босна и Херцеговина, заклучува Бисерко.

Автор: Ивица Петровиќ/ Ж.Ацеска

Редактор: Александра Трајковска