1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Талибанците нема да ликвидираат заложници до почетокот на преговорите

10 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BSwC

Талибанците денеска соопштија дека нема да ликвидираат ниту еден од киднапираните Јужнокорејци пред почетокот на преговорите со делегацијата на Јужна Кореја. Се уште не е утврдена локацијата на средбата. Во меѓувреме Јужна Кореја им забрани на своите граѓани да патуваат во Авганистан. Дваесет и тројца Јужнокорејци, цковни волонтери, беа киднапирани на 19 јули во јужен Авганистан. Двајца од нив во меѓувреме беа убиени.