Тамара не направи „Горди“

Тамара Тодевска се пласираше во финалето на Песна на Евровизија со композицијата „Горда“ (Proud). За првпат по седум години Северна Македонија ќе има свој претставник на финалната вечер.

Македонската претставничка Тамара Тодевска се најде меѓу десетте полуфиналисти кои обезбедија пласман на финалната вечер на натпреварот за Песна на Евровизија кој се одржува во Тел Авив. Израелскиот главен град и донесе среќа на Тамара која настапи со песната (Proud). Северна Македонија последен пат се најде во финалето со настапот на Калиопи во 2012 година. 
„Ние сме многу горди. Јас сум многу горда на мојот тим, на мојата земја. Бидете горди и никогаш не ја кријте вашата големина“, порача Тамара на прес-конференцијата по настапот. 

Евровизија 2019: Нашите Топ 10

Блескав: Данкан Лоренс , 'Arcade' (Холандија)

Зилке: Меѓу многуте „млад човек пее балада“ песни оваа година, оваа е најдобра. Седнат зад пијано, Данкан започнува мирно, но кога ќе дојде до рефренот, тоа е како изгрејсонце! Песната останува певлива дури и во најдраматичните моменти. А момчето изгледа неверојатно. Веќе неколку недели тој е главен фаворит. Амстердам 2020 - доаѓаме?!

Евровизија 2019: Нашите Топ 10

Прекрасен: Мајкл Рајс, 'Bigger Than Us' (Велика Британија)

Рик: Татковината на поп-музиката можеби конечно ќе ја прекине лошата серија на Евровизија. Со својот изглед, Мајкл Рајс не е типичен евровизиски претставник. Но тој прекрасно нијансиран соул глас во „Bigger Than Us“, е нешто посебно и парадоксално, можеби до финалето ќе биде уште подобар.

Евровизија 2019: Нашите Топ 10

Забава: Михаела, 'Chameleon' (Малта)

Зилке: Јухуууу! Песна за танцување - регетон со електро микс и добро пеење. Михаела ќе танцува на сцената пред ѕидовите зад неа да почнат да ги менуваат боите - како камелеон. Дури и самата песна постојано го менува стилот. Добар диско хит, но без претерување: лесен, опуштен и нешто на кое би посакале да станете и да играте.

Евровизија 2019: Нашите Топ 10

Импресивен: Махмуд, 'Soldi' (Италија)

Рик: Некои во италијанската влада го проблематизираа неговото учество на Евровизија поради тоа што Махмуд има египетски татко. Но, Махмуд е секако Италијанец, и музички. Насловот може да се преведе како „Пари“, а песната раскажува за проблематичен однос татко-син. Ретко болката и горчината биле поубаво изразени - а рефренот останува во главата.

Евровизија 2019: Нашите Топ 10

Како сон: Карузел, 'That Night' (Латвија)

Зилке: За мене, најубавата песна од сите. Квартетот со двоен бас совршено ја носи песната, нудејќи оаза за нервите потресени од гласната конкуренција. Ме потсетува на Нора Џонс и нејзината "Sunrise." Се надевам дека публиката на Евровизија ќе го прифати тоа и ќе ѝ даде на Латвија добар пласман меѓу првите 10.

Евровизија 2019: Нашите Топ 10

Волшебно: Тулиа, 'Pali się' (Полска)

Рик: Во „Огнот на љубовта“, четири девојки од Полска исполнуваат фолк нумера на мајчин јазик (урааа!). Традиционалните костуми одлично одговараат на целосно лудиот, пискав звук. Блендот на гласови е униформен, но никогаш монотон, и не мора да разбирате полски за да сфатите дека има ироничен тон. Нема ништо слично на оваа песна.

Евровизија 2019: Нашите Топ 10

За танцување: Тамта, 'Replay' (Кипар)

Зилке: Минатата година во Лисабон, Елени Фуреира предизвика бранови ентузијазам со песната "Fuego" - и го освои второто место. Сите очи и уши повторно се свртени кон Кипар. Овојпат тоа е Тамта со "Replay." Повторување на минатогодишниот успех? Само доколку има одличен настап кој ќе остане запаметен, затоа што настапува прва.

Евровизија 2019: Нашите Топ 10

Катарзично: Хатари, 'Hatrið mun sigra' (Исланд)

Рик: Меѓу толку медиокритетство, за мене оваа индустриска рок песна насловена „Омразата ќе победи" со нејзината анти-капиталистичка порака е ослободувачка.Од длабочината на неговата душа Хатари врескаат против лагите и измамите. Овие момчиња го кажуваат токму она што многумина го мислат овие денови - и тоа го прават недвосмислено.

Евровизија 2019: Нашите Топ 10

Фантастично: Сергеј Лазарев, 'Scream' (Русија)

Зилке: Како и во 2016, тој ќе настапи на посебна сцена со многу специјални ефекти. Овојпат, песната е помалку импресивна, но тоа не го прикрива фактот дека Сергеј е дефинитивно најдобриот интерпретатор годинава. Тој исполнува три различни вокални октави со неверојатна леснотија. Хорот на крај потсетува на метал-балада. Јас сум задоволна.

Евровизија 2019: Нашите Топ 10

Фасцинантно: Конан Озирис, 'Telemóveis' (Португалија)

Рик: Гласот и инструменталната придружба апсолутно не си одговараат - и тоа е направено брилијантно. Политоналноста и чудните смени на музичката фраза се многу привлечни, како што се и лудите костуми и хистеричниот танц. Во превод, песната има наслов „Мобилни телефони“. Јас не можам да престанам да ја слушам и ѝ ги давам моите 12 поени.

Следете нѐ