1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тачи: Западот вети дека ќе го признае независно Косово

12 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CAXf

„Западот вети дека ќе го признае независно Косово откако во декември ќе завршат разговорите меѓу Приштина и Белград“, изјави претседателот на Демократската партија за Косово, Хашим Тачи. Членот на приштинскиот преговарачки тим во интервју за агенцијата Ројтерс изјави дека прашање на време кога ќе се утврди датумот за независност и дека тоа го поддржуваат истите сили кои и ја покренаа интервенцијата на НАТО во Косово во 1999 година. Тачи води во анкетите пред парламентарните избори кои треба да се одржат на 17 ноември во покраината.