1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тачи и‘ заблагодари на ОВК за слободата на Албанците

Б. Георгиевски/бета26 ноември 2012

Премиерите на Албанија и Косово учествуваа на централната прослава на Денот на албанското знаме која вчера (25.11) се одржа во Скопје.

https://p.dw.com/p/16phz
Фотографија: Reuters

Косовскиот премиер Хашим Тачи и‘ заблагодари на Ослободителната војска на Косово за нејзиниот придонес за „слободата на Албанците во Косово и во Македонија“. Тачи беше еден од гостите на вчерашната централна прослава на Денот на албанското знаме која се одржа во салата Борис Трајковски во Скопје. Покрај Тачи, на манифестацијата чиј домаќин беше лидерот на ДУИ, Али Ахмети, присуствуваше и албанскиот премиер Сали Бериша.

„Чудо се случи со волјата на Албанците кои ја создадоа ОВК и успеаја да ја отстранат Србија од Косово. ОВК е големо чудо на волјата на Албанците, без разлика каде тие се наоѓаат- во Македонија, Албанија, Косово или дијаспората“, рече Тачи.

Од име на македонската влада гостите во Скопје ги поздрави вицепремиерот Муса Џафери, кој изјави дека Скопје, Тирана и Приштина се едно.

„Ние ќе продолжиме да работиме заедно за да ги усогласиме нашите тежнеења кон ЕУ“, порача Џафери во говорот.