1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тајван – протести

19 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag2O

Тајванскиот претседател Чен Шуи Биан го преименува спомен обележјето во главниот град Тајпех, што го носеше името на поранешниот диктатор и главна фигура на отпорот против комунистите во Кина, Чанг Кај Шек. Претесдателот во соопштение до јавноста појасни оти со тоа сака да го прекине култот на личноста од минатото. Спомен салата треба да стане симбол на процесот на демократизација што почна во 1987 година. Приврзаници на Куоминтанг партијата на Чанг Кај Шек се собраа на протести, кои се претворија во улични борби со полицијата.