1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тајните зделки пред очите на светот

Р.Бројер/ И.Вреде/ А.Трајковска 5 април 2013

Светот во сенка на даночните оази излегува на виделина. Анонимен извор овозможува увид во начинот на функционирање на мрежата даночни затајувачи. Во моментов медиуми во 46 земји ги анализираат добиените податоци.

https://p.dw.com/p/18AJc
Фотографија: picture-alliance/dpa

Повеќе од 130.000 лица од 170 земји депонирале пари во даночните оази. „Податоците од анонимните извори биле преземени преку интернет преку два сервери на фирмите. Во смисол на заштита на податоците не може ништо повеќе да се каже за начинот на кој е дојдено до нив. Но, јасно е дека имало голем пропуст“, вели германскиот новинар специјализиран за анализа на податоци Себастијан Мондиал, кој учествува во анализата на добиените податоци. Тоа значи дека тајните на оваа фирма во извезен период биле достапни „така што некој можел да ги копира“, вели Мондиал во разговор со ДВ.

Многу податоци не биле сортирани, пишува весникот „Зидодјче цајтунг“. Некои документи морале да се обработат за машински да може да се прочитат. „Имавме среќа, поради тоа што имаме специјален форензички софтвер кој вообичаено се користи во криминалистичката област“, вели Мондиал. Тој овозможува обработка на податоците на тој начин, да се добијат одговори на прашањата како на пример: „Каква поврзаност постои во податоците, кога се издадени документите, кога се испратени и-мејл пораките и на кои скриени приматели биле испретени тие и-мејл пораки“, појаснува Мондиал.

Sebastian Mondial
Новинарот Себастијан МондиалФотографија: Sebastian Mondial

Сонце, плажа и даночен рај

Британските Девствени Острови, Куковите Острови, Сејшелите или Панама - сите тие го нудат она што за некои фирми и приватни лица звучи многу привлечно: анонимност. „’Дојдете кај нас, не треба да се плашите од контрола од даночните служби’ - со вакви и слични примамливи понуди се рекламираат т.н. офшор - острови кај богатите“, вели Томас Ајгенталер од Германскиот даночен синдикат. Поволно при избегнувањето на даноците е и тоа што даночните обврзници не мора тоа да го прават сами. Се разви една советодавна индустрија, која нуди соодветни решенија, вели Ајгенталер. Освен ова многу даночни оази не водат регистри, каде треба да се внесат информации за сопствениците на фирмите или имотот, смета Мондиал.

ЕУ проценува дека поради даночни затајувања или избегнување на даноци годишно се трпат загуби од околи илјада милијарди евра. Според една студија на невладината организација Tax Justice Network (мрежа за даночна праведност) во даночните оази биле депонирани средства од 21 до 32 билиони долари. За споредба БДП на САД во 2011 година изнесуваше околу 15,1 билиони долари. Во ова не се пресметани вредните предмети депонирани во странство како на пример злато, недвижнини или луксуз јахти, кои сообраќат под странски знмиња.

Се бара креативност

„Според моите колеги во прокетот има еден особено рафиниран трик ако едно лице од некоја офшор фирма биде тужено. Тогаш тој ќе склучи взаемна спогодба и на тој начин тужбата паѓа“ појаснува Себастијан Мондиал. Спогодбената сума може да биде префрлувана без да биде оданочена, бидејќи е дел од правен спор. Сумата потоа ќе заврши на офшор - сметката.

Bildgalerie Reizworte der Wahl Unternehmenssteuer
Т.н. фирми-поштенски сандучиња се една можност за избегнување данокФотографија: dpa

Има и други трикови: едно претпријатие може да формира ќерка фирма во некоја даночна оаза и преку неа да се одвиваат бизнисте во странство, на тој начин се избегнува оданочување на средствата заработени во странство.

Германија - исто така даночна оаза?

Приватни лица со место на живеење во Германија мораат да плаќаат данок на плата и до 45 проценти. Претпријатија, со седиште на фирмата во Германија исто така плаќаат данок на добивка и на обрт, меѓутоа и во Германија постојат дупки во даночните закони. „Ако тука едно претпријатие биде советувано од некоја офшор - фирма, таа ќе достави сметка и парите ќе бидат префрлени. За Службата за финансии тоа изгледа како сосема нормална трансакција“, вели Мондиал. Но со тоа парите се изнесуваат од државата и на нив не се плаќаат натамошни даноци.

Virgin Islands Jungferninseln
Даночните оазли ги привлекуваат богатитеФотографија: AP

Со години меѓународните организации како ОЕЦД се обидуваат да воспостват мерки против даночната измама и да се стандардизираат правилата. Според ОЕЦД од 2009 година кога беше објавена листа со тогаш четири земји - даночни оази, има напредок: склучени беа 700 договори за размена на информации, додека 40 судски пресуди иницираа промена на закони.

Дали новите податоци сега ќе помогнат при меѓународната борба против даночни затајувања? Да, но индиректно вели новинарот Мондиан: „Самите податоци најверојатно никогаш нема да бидат објавени.“ Има смисла сите податоци на овие фирми едноставно да се стават на интернет и луѓето да можат да видат, кој колку пари префрлил и кој ја поседувал која форма. „Транспареноста ќе мора да ја регулираат законодавците и секоја од земјите поединечно“.