1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тајфунот Меранти пустоши во јужна Кина

ЕМФ /ртр/дпа15 септември 2016

Алармот е вклучен на црвено: најсилната бура во последните шест децении во јужна Кина предизвика големи штети и поплави.

https://p.dw.com/p/1K2sq
Фотографија: Getty Images/AFP/Sam Yeh

Тајфунот Меранти има брзина од над 200 километри на час. Тоа е најсилниот тајфун во провинцијата Фуџиан од почетокот на регистрирање на временските прилики пред 67 години. Тајфунот предизвика огромни штети на електричната мрежа, така што дојде до „масивен прекин на снабдувањето со струја“, јави кинеската агенција Ксинхуа.

Властите од луѓето побараа да не излегуваат од дома. Бродовите се вратени во пристаништата поради брановите високи до 12 метри пред брегот на Тајван. Откажани се околу 175 летови само во провинцијата Фуџиан, а во провинцијата Гуангдонг се запрени и возовите. Градинките и училиштата во регионот се затворени од вчера.

Меранти претходно дивееше на југот на Тајван и практично го парализираше животот на милиони луѓе.

Тајфунот Меранти пустоши во јужна Кина