1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тежок атентат во Багдад

1 јули 2006

Денеска во Багдад се случи најтешкиот атентат во последните неколку месеци. На преполнет пазар во Садр сити, сиромашен кварт на главниот град, бомба подметната во паркиран автомобил однесе најмалку 60 жртви и остави преку 78 полесно и потешко повредени. Затоа бројот загинати се менува од час в час.

https://p.dw.com/p/Ac5J
Демонстрации во Садр-сити, сиромашно предградие на Багдад
Демонстрации во Садр-сити, сиромашно предградие на БагдадФотографија: AP

Атентатот најверојатно и‘ бил наменет на полициската патрола што минувала низ преполниот пазар околу 8 часот изутрина. Силната детонација предизвика експлозии и кај соседните паркирани возила, а запали и повеќе продавници во напосредна близина. Сето тоа придонесе за големиот број жртви и повредени.

Квартот Садр сити важи за сиромашен и пренаселен и во исто време како легло на екстремисти и нелегални вооружени групи. Меѓу нив најпозната е т.н. Мехди армија на радикалниот проповедник Муктада ел Садр.

Ирачката влада последниве недели го зголеми присуството на силите за безбедност во главниот град токму за да ги спречи натамошните акти на насилство. Но, американските сили дојдоа до заклучок дека што е поголем бројот војници и полицајци, толку се побројни нападите.