1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Терористички напади што го променија светот

11 септември 2007

Пред шест години паднаа кулите близначки на Светскиот трговски центар. Илјадници луѓе го загубија животот. Нападите од 11 септември го променија светот – а притоа посебно погоден беше Њујорк.

https://p.dw.com/p/BekU
Авионите донесоа смртФотографија: AP

Луѓето во подземната железница во осум часот наутро изгледаат како сарини во лимека. Уморни, некои се досадуваат, милиони Њујорчани брзаат на работа. Надвор висат плакатите – ако видите нешто сомнително, јавете, се вели веќе шест години по 11 септември.

На улиците на Њујорк изгледа мирно – но штом ќе се случи нешто невобичаено веднаш се појавува страв од катастрофа, и се враќаат сеќавањата на 11 септември „Некои луѓе ги фати паника, викаа - секој мислеше нов 11 септемрви“

Вака еден очевидец го опишува стравот на улиците, кога во јули среде Менхетан се случи експлозија во парен спроводник. Голем бел облак се прошири низ улиците околу Гранд Централ. Слики, кои застрашувачки потсетуваа на оние од 11 септември. Тогаш сите сеќавања се вратија разскажува психологот Сивија Берклајн „Мислам дека жителите на Њујорк, во споредба со другите региони, веќе насобраа сила за отпор. Мислам дека веќе постои и предизвикот да се вратиме назад кон нормалниот живот, но оваа приказна останува да постои во подсвеста и неможе толку брзо да биде тргната настрана.“

Њујорчани станаа поосетливи. На прв поглед малку од тоа се чувствува во секојдневието. Оти во метрополата со 8 милиони жители, речиси и никој да не може да преживее ако секојднено има страв од нови напади. Но луѓето се повнимателни. Сеуште има секретарки кои поштата во нивната фирма ја отвараат со гумени ракавици - од страв дека во ковертот може да има антракс. Безбедносните проверки во подземната железница или на улиците, се зголемува и при најмало сомневање.

Сите реагираат различно покажаа истражувањата на професорот по спсихологија Дејвид Влахов „За некои луѓе е потресно случување, кое постојано потсетува на горчливите сеќавања. Другите пораснаа преку ситуацијата според мотото: Тоа го проживеавме, знаеме како да се однесуваме со тоа. Тие можат слободно да продолжат со животот.“

Но и покрај тоа: едно од неодминливите први прашња за градоначалникот Блумберг - дали при екслозијата во пороводниот систем или кога малиот авион поради технички недостатоци удри во една зграда, прашањето за него е Постојат ли детали кои укажуваат на терористичка позадина? Досега тој негираше „Нема укажувања за тероризам“

Градоначлникот Блумберг речиси секој пат апелира до Њујорчаните едноставно да продолжат со нивното секојдневие. Но за некои жители на Њујорк како Кејти Лугаве ништо не исто како пред денот на атентатите „Имам страв и не одам секаде во градот. Постојано си претставувам сценарија на катастрофа. Размислувам што би се случило, кога би се урнала Емпајар Стејт Билдинг.“

Стотици илјади други очигледно ги немаат овие грижи. Секоја години тие одново се качуваат на Емпајр Стејт Билдинг и гледаат на југ, во правецот каде и шест години по 11 септември видикот сеуште е изменет.