1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаГлобално

Тесна изборна победа на Дуда во Полска

ЖА / агенции
13 јули 2020

Во вториот круг од претседателските избори во Полска, актуелниот претседател Анджеј Дуда со тесен резултат го победи опозицискиот градоначалник на Варшава, Рафал Тшасковски.

https://p.dw.com/p/3fDnq
Polen I Wahl I Der polnische Präsident Duda spricht nach der zweiten Runde der Präsidentschaftswahlen in Pultusk zu seinen Anhängern
Фотографија: Reuters/A. Stepien

По пребројаните 99,97 проценти од гласовите, Анджеј Дуда е реизбран за претседател на Полска, Непребројаните гласови нема позначително да го сменат резултатот, соопшти Националната изборна комисија во Варшава. Според податоците, за Дуда, кој беше поддржан од национално-конзервативната владејачка партија Право и правда (ПиС), гласале 51,2 проценти од гласачите. На неговиот предизвикувач Рафал Тшасковскиод либералната граѓанска платформа ПО доверба му дале 48,8 проценти од избирачите.

Кратко по затворањето на гласачките места Дуда се прогласи за победник. „Да живее Полска! Да се победи на избори на кои излезноста е 70 проценти, е извонредна вест. Јас сум трогнат, им благодара на моите сонародници", изјави 48-годишниот актуелен шеф на државата ноќеска. Тшасковски, градоначалник на главниот град Варшава кој исто така има 48 години, ноќеска долго време се надеваше на победа: „Рековме дека резултатот ќе биде тесен, но убеден сум во победа". Сепак, Тшасковскине успеа, за само неколку проценти.

Повеќе:

Полски општини се прогласуваат за ЛГБТ-слободни зони

Полска: Калкулацијата на Качински успеа

Вишеградска група - Источен блок кој не е блок

За владејачката партија ПиС исходот на претседателските избори има големо значење. Победата на Дуда, кој е близок до партијата, ќе ја зацврсти нејзината доминација до парламентарните избори во 2023 година. Полскиот претседател нема ингеренции да влијае врз работата на владата, но има право со вето да ги блокира нејзините закони.

Во текот на предизборната кампања Дуда се потпираше на одбраната на конзервативните вредности, вршејќи и вербални напади против поборниците на наводните создавачи на клима на „ЛГБТ-идеологија". Освен тоа, Дуда се обидуваше да поентира и со антигермански пароли, обвинувајќи ги германските медиуми за „напад" против Полска. Тшасковски напротив агитираше за „поинаква Полска", со подобри односи кон ЕУ. Тој е поддржувач на воведувањето истополови животни партнерства во Полска, но исто така одбива хомосексуални бракови и право тие да адоптираат деца.