1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Техеран со пофалби за извештајот на американските тајни служби

4 декември 2007

Иранските власти позитивно реагираат на изненадувачкиот извештај на американските тајни служби , според кој Иран не развива атомска бомба. Сепак Техеран стравува дека притисокот на Западот ќе продолжи.

https://p.dw.com/p/CWm1
ТехеранФотографија: DW

Изненадувачко сознание: Американските тајни служби соопштија дека Иран , според нивни извори , од 2003-та година наваму повеќе не работи на создавање атомска бомба. Ова е во спротивност на досегашните тези на американскиот претседател Џорџ Буш , која само пред неколку недели ја обвини владата во Техеран дека создава нуклеарно оружје. Иранските реакции на овој пресврт обезбеден од американските тајни служби кој патем ги потврдува сознанијата на Меѓународната Агенција за атомска енергија, се разбирливо позитивни.
Техеран реагираше на безбедносниот извештај од САД , согласно очекувањата. Така министерот за надворешни работи за државното радио истакна дека ја поздравува новата анализа. „Позитивно е кога земјите кои имаат сомневања околу иранската атомска програма , го корегираат својот став во правец на поголема реалност- изјави Манухер Мотаки. Претседателот на парламентарната комисија за безбедност Алабедин Боруџерди, укажа на тоа дека новиот американски безбедносен извештај го кажува токму она , што и без тоа , веќе одамна го потврди Меѓународната агенција за атомска енергија ? Имено дека иранската атомска програма има исклучиво мировен карактер. Официјално Исламската Република секогаш истакнуваше дека , таа не сака да развива атомско оружје. Притоа духовниот лидер на земјата , Ајатолахот Али Хамнеи издаде и фатва , значи религиска уредба за тоа прашање. И покрај изненадувачкиот извештај од САД во Техеран и натаму се стравува од натамошно заострување на постоечките економски санкции. Причина за тоа како прво е фактот дека најновиот извештај на меѓународната агенција за атомска енергија за преставниците на ЕУ и на САД и натаму остави без одговор некои прашања. Како второ, е тоа што вчера Советникот за национална безбедност во американската администрација Стивен Хедли и покрај најновиот извештај на тајните служби побара да биде зголемен притисокот врз Техеран.
Во меѓувреме претседателот на Иран го опиша Советто за безбедност на ОН , кој веќе узвои три резолуции против иртанската атомска програма, како симбол на неправдата. „Постојаните членки на Советот , смеат истовремено да бидат истражители, тужители и да изрекуваат пресуди, а притоа самите уживаат неограничен имунитет. Тоа е неправедно“ - изјави Махмуд Ахмединеџат.
По разговорите во саботата во Париз , меѓу претставниците на петте држави постојани членки на Советот и на Германија , меѓутоа е сосема можно наскоро највисокото тело на ОН да усвои нова заострена резолуција за Иран. Ни новите казнени мерки , може да се слушне сега во Техеран , нема да ја принудат Исламската република да запре со збогатувањето ураниум , што е е всушност главното барање на сите досегашни резолуции.