1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тешко на оној кој се вика Гонзалес, Абдул или Хусеин

28 октомври 2007

Во САД расте критиката за набљудување на странците кои доаѓаат во земјата. Причина: постојаното зголемување на листата осомничени терористи, тренд кој следеше по нападите од 11 септември 2001 година.

https://p.dw.com/p/BxQ6
Се се смени по нападите во ЊујоркФотографија: AP

Тешко на оној кој се вика Гонзалес, Абдул или Хусеин. Овие имиња автоматски влегуваат во листата на имиња на лица осомничени за тероризам која ја составува американската влада. Пред 11 септември 2001 година, на неа имаше само 17 имиња. Денеска има 800 000 со катастрофални последици за засегнатите. Тие не можат да добијат американска виза, а не смеат да патуваат САД. Ако веќе се наоѓаат во земјата, не може да имаат конто во банка, ниту да добијат кредит. Можно е додека шетаат низ град незабележливиот господин од друга страна на улицата да е агент на ФБИ.

Листата наскоро со милион имиња?

“Стигнуваме до границата од еден милион осомничени”, објави Американската Граѓанска Унија според која “листата поради огромниот број имиња наскоро ќе стане бескорисна”. Сенаторот Џо Либерман е еден од попознатите критичари на оваа база податоци којашто всушност треба да ја штити Америка од нови напади. Негодување предизвика последниот случај кога на неговиот колега, демократот Тед Кенеди не му било дозволено да лета од Масачусетс до Вашингтон, бидејќи неговото име по грешка се нашло на терористичката листа.

“Нашите тајни служби не поминаа низ неопходните реформи. Проблемот е што не може да ја контролираат листата”, изјави Либерман.

Еден од агентите кој сакал да остане анонимен, неодамна за телевизијата Еј Би Си изјави дека тој и неговите колеги ги исполнуваат своите обврски и на тајните служби месечно им доставуваат најмалку едно име:

“Тие не само што измислуваат обвиненија, туку имиња на недолжни патници завршуваат во документацијата на тајните служби бидејќи на пример во авион се однесувале сомнително”.

Така еден турист е прогласен за осомничен терорист бидејќи летајќи кон Лас Вегас сакал низ прозор од авион да го слика градот.

Оправдана критика

Критиката за оваа листа е двојно оправдана: десетици илјади луѓе се неправедно осомничени, а некои поради различна транскрипција на имињата повеќе пати се појавуваат на листата. Од друга страна системот не може да гарантира дека опасните лица ќе бидат најдени и запрени. Во најновиот извештај на службата која ја контролира листата и се препорачува на владата, базата да се прочисти од можните грешни имиња, да се подобрат контролите на аеродромите и - нешто што сега се чини невозможно - е на погрешно осомничените да им се даде можност да вложат жалба за тоа дека имињата им се нашле на листата. Критичарите како безбедносниот експерт Џо Тренто одат и подалеку: бараат укинување на листата.

“Знаете колку слабо беа информирани нашите тајни служби пред војната во Ирак. Ова сега е уште полошо. На листата има починати лица, како и луѓе над 80 годишна возраст. Тоа едноставно нема логика”, вели Тренто.