1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Те сакам-не те сакам“ игрите на Груевски и Ахмети ги надминаа границите

22 април 2010

Владата на премиерот Никола Груевски се соочува со притисоци од албанскиот блок. Тие доаѓа како од коалициониот партнер во владата, Демократската унија за интеграција, така и од невладиниот сектор.

https://p.dw.com/p/N2rS
Владата вo СкопјеФотографија: DW

„Меѓуетничките односи се затегнати, а рокот за решевање на името тече. Националистичката политика не ја ужива подршката, но ДУИ ќе издржи.“ Оваа СМС порака, со невообичаен метод на комуникација, пратеничката Ермира Мехмети ја испрати на телефоните на неколку новинари. Своите ставови Мехмети пошироко ги образложува и во интервју за „Утрински весник“ под наслов „ВМРО-ДПМНЕ ги влошува меѓунационалните односи“, додека во „Вест“ нејзините констатации се уредени под наслов „На Груевски му се избројани деновите“.

Оценките на пратеничката од ДУИ Ермира Мехмети се објавени само неколку денови по две различни реакции на нејзиниот лидер Али Ахмети. Тој најпрвин за „ТВ Алсат“ најави напуштање на Владата, ако најбрзо не се реши спорот за името, а ден потоа, на прес-конференција со самодемант „ДУИ останува во владата на ВМРО-ДПМНЕ.“

Спротивставени ставови на аналитичарите

„Те сакам-не те сакам, тоа што го играат Груевски и Ахмети, дефинитивно ги надмина сите гранции во партерството и нивното политичко дејствување“, оценува универзитетскиот професор Ветон Љатифи од тетовскиот факулетски кампус. Спротивен став има неговиот колега Имер Исмаили: „Господинот Ахмети покажа лојалност и ќе биде човек кој ќе игра конструктивна улога во промоцијата на европските вредности до крајното решение на името.“

Mazedonien hat Kosovo als unabhängigen Sttat anerkannt
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети во македонското собраниеФотографија: Petr Stojanovski

Во обидот владејачката ДУИ да врши притисок врз Груевски за позабрзано и пофлексибилно решавање на грчко-македонскиот спор, се вклопува и минатонеделната дебата на штотуку формиранот Центар за разбирање и институционална соработка. „Опасноста од нерешавањето на името се состои токму од стравот дали набрзо може да се дојде до компромис околу името и да се отворат евро-атланските членства. Тоа пак може да додведе не само до меѓуетнички конфликти, туку и до судири внатре во албанскиот политички табор“, изјави за Дојче веле Имер Муртезани еден од основачите на овој Центар за разбирање, кој ги собра интелектуалците на дебата за името и дилемата дали еден меѓународен спор ќе прерасне и во внатрешен конфликт на недоверба меѓу Македонците и Албанците. „ДУИ ги надмина сите очекувања и свои рокови на толернација спрема владините партнери од ВМРО-ДПМНЕ. Таквата послушност кон Груевски остава простор за многу шпекулации за интерси на одредени политичари од ’интегративците’ или пак ДУИ нема друга алтернатива за напуштање на оваа влада“, вели професорот Љатифи.

Незадволство со владините одлуки

Gruevski Statement.jpg
Премиерот Никола ГруевскиФотографија: DW/MIA

„Албанците многу добро се солидаризираа со Македонците во заштитата на нивниот идентитет во решавањето на спорот за името, но се чини дека оваа влада тоа не го цени“, заклучува Вељон Бела од невладината организиација „Реалитети“. Оваа организација, пред Нова година, собра над 14 илјади потписи од родители Албанци, кои не се согласија со одлуката на владата нивните првооделенчиња веднаш да стартуваат и со запознавање на македонскиот јазик, што предизвика и заладување на односите меѓу коалициските партнери.

Истата организација е матица на околу 50 невладини организации и студентски сојузи што ќе протестираат против дискриминацијата на Албанците со владината политика. „Од владата се’ повидливи се дискриминаторските одлуки кон Албанците во економијата, образованието, а собено сега кога се во прашање монтираните судски случаи Сопот, акција на полицијата во Бродец или Хашките случаи“, вели Бела и најавува на 10 мај голем антивладин портест на Албанците во Скопје.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Александра Трајковска