1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тивка радост во Брисел по изборите во Турција

Кристоф Хаселбах / Е.М. Фиданоска9 јуни 2015

ЕУ воздивнува со олеснување по изборите во Турција и крајот на соло-владеењето на АКП, која е тежок партнер. Сепак, повторен почеток на преговорите за приклучување засега не се очекува.

https://p.dw.com/p/1FdpB
Фотографија: picture-alliance/dpa

Европската комисија останува стриктно неутрална кога станува збор за резултати од избори во некоја од земјите членки на ЕУ или трети држави. Сепак, таа позитивно го коментира високиот одзив на изборите од 86%. Тоа е „јасен знак за силата на турската демократија“, соопштија високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедноста политика Федерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан во заедничка изјава. „Особено е важно што сите важни партии имаат претставник во парламентот“, соопштија европските функционери, притоа мислејќи на влезот на курдската партија ХДП, која првпат успеа да го мине цензусот од 10%.

Приватно многумина претставници на ЕУ се радуваат што АКП го загуби апсолутното мнозинство, уверена е Аманда Пол од бриселскиот тинк-тенк Центар за европска политика. „Поради загриженоста околу авторитарните тенденции на АКП и особено таквите тенденции на претседателот Ердоган, најверојатно многумина се надеваат дека ваквиот резултат во Турција ќе ја однесе земјата на демократски пат“, нагласува Аманда Пол за ДВ. Германскиот европратеник од редовите на либералите, Александер Граф Ламбсдорф, во губењето на апсолутното мнозинство задоволно гледа „негативен одговор на избирачите на фантазиите на Ердоган за претседателка семоќ и за тивката исламизација на јавниот живот“.

Се чини дека на Ердоган му е сеедно за ЕУ

Ердоган досега доволно покажа дека му е прилично сеедено за ЕУ и нејзините критериуми. Кога во декември минатата година беа уапсени повеќе од две десетини новинари, Могерини и Хан оценија дека е тоа загрозување на слободата на печатот и кршење на основните права, а Ердоган одговори дека на „Турција и‘ е сеедно што вели ЕУ и дали ЕУ ке не‘ прими“. Тоа беше еклатантно прекинување на децениската традиција на турските претседатели и премиери, кои постојано нагласуваа колку ЕУ им е важна.

Могерини и Хан, во секој случај, сега гледаат „можости за повторно зајакнување на односите меѓу ЕУ и Турција“. Во моментов во делот на зајакнувањето не се прави многу. Турција е кандидат за приклучување кон ЕУ уште од 1999 година, а од 2005 година течат преговорите за членство. Од 35 поглавја во преговорите, меѓутоа, досега е затворено само едно единствено. За тоа има различни причини. Една од причините за застојот е што Ердоган како премиер не дозволи бродови од Кипар, земја членка на ЕУ, да влегуваат во турските пристаништа. Друга причина е што Ердоган „не само што запре на реформскиот пат, туку направи чекори назад“, потенцира Аманда Пол. Но таа е уверена ди ека некои земји членки, меѓу нив и Германија и Франција, го „политизираат“ процесот и со тоа „непотребно го блокираат“.

Mogherini bei Erdogan 08.12.2014
Средбите на Ердоган и Могерини се ретко без тензииФотографија: picture-alliance/AA/Y. Bulbul

Дијалогот и‘ е од полза на турската демократија

Во Брисел и земјите членки на ЕУ има голем отпор против целосно членство на Турција во ЕУ. Едни веруваат дека Турција поради географски, културни и религиозни причини едноставно не припаѓа кон ЕУ, додека други укажуваат на неспорните демократски дефицити. Аманда Пол сепак смета дека блокада е погрешна тактика. Ако се сака подобрување на политичките прилики во земјата, дијалог со Турција за критикуваните подрачја е многу подобар отколку отфрлање на преговорите. Таа дури гледа поврзница меѓу однесувањето на ЕУ и владата на АКП досега: „Кога процесот на приклучување заглави, Турција почна да го напушта демокртаакиот пат. На Турција и‘ е неопходен процес на приклучување за да се поддржи демократскиот процес во земјата.“

Аманда Пол смета дека по изборите „нема да има значаен пресврт во прегвоорите за приклучување“. Во други сфери, меѓутоа, таа гледа можности за посилна соработка, како проширување на царинската унија, прашањата на сириските мигранти и други надворешнополитички прашања. Искористувањето на овие шанси би можело да ја обнови повторно довербата и да придонесе за отворање на ново поглавје во преговорите“.