1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тимошенко штрајкува со глад

ЖА/АТ/дв/афп/дпа24 април 2012

Во знак на протест против третманот во затворот, поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко стапи во штрајк со глад.

https://p.dw.com/p/14kEa
Фотографија: picture-alliance/dpa

Водачот на украинската опозиција, Јулија Тимошенко, која одлежува затворска казна, стапи во штрајк со глад, соопшти нејзиниот адвокат Сергеј Власенко.

„Од 20-ти април Тимошенко веќе не зема воопшто храна“, вели адвокатот.

Тимошенко со ова протестира против третманот кој кон неа го имал персоналот во затворската установа и лекарите.

Во февруари Тимошенко беше прегледана од лекари на берлинската болница Шарите со оценка дека е многу болна. Но, Украина ја отфрли понудата Тимошенко да биде лекувана во Германија.

Обвинителот од Харков призна дека Јулија Тимошенко која се жали на болки во рбетот против нејзина волја била пренесена во болница, што меѓутоа го дозволуваат украинските закони.

Јулија Тимошенко минатата есен беше осудена на седум години затвор поради злоупотреба на службената положба. ЕУ го критикува затворањето на Тимошенко, која во 2010. година беше противкандидат на актуелниот шеф на државата, Виктор Јанукович, на претседателските избори, како политички мотивирано.