1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Титулата од Ролан Гарос останува сон за најдобриот светски тенисер

11 јуни 2007

25-годишниот Швајцарец Роџер Федерер ги има освоено и повеќепати сите други грен-слем турнири, освен Отвореното првенство на Франција. Хет-трик на Рафаел Надал во Париз

https://p.dw.com/p/AqTI
Победникот од Париз, Шпанецот Рафаел НадалФотографија: AP

Годинашново финале во се’ беше реприза на минатогодишното: исти противници, ист исход. Рафаел Надал, 21-годишниот левучар од Мајорка - Шпанија, останува крал на земјените терени и е прв играч што го повтори подвигот на Швеѓанецот Бјерн Борг од пред 25 години со три последовни триумфи во Париз. Надал таму досега одигра вкипно 21 меч и од сите излезе како победник. “Сонот ми се исполни” – рече Надал, кој освои и награда од еден милион евра.

Федерер, кој веќе 175 недели непрекинато води на светската ранг-листа на најдобрите тенисери и по осми пат последовно беше финалист на грен-слем турнир - подвиг незабележан во последните 70 години - искажа жалење поради начинот како играл. Федерер вети: “Ова сигурно не беше мое последно учество овде. Повторно ќе се обидам наредната година”. Федерер, кој пред три недели во Хамбург за прв пат го совлада Надал на земјен терен, само во првиот сет во Париз не искористи 10 брејк-топки, на целиот меч само една од вкупно 17, и направи дури 56 неизнудени грешки – тоа објаснува се’.

Во женска конкуренција Белгијката Жистин Анан исто така славеше трет последовен и вкупно четврти триумф во Париз. Во последните 15 години тоа и’ успеа само на Моника Селеш, а вкупно повеќе титули од Анан во историјата на овој турнир имаат само Американката Крис Еверт – 7, Германката Штефи Граф со 6 и Австралијката Маргарет Корт, која пет пати го освои Ролан Гарос.

Забележлив успех во Париз постигнаа младите тенисери од Србија – 19-годишната Ана Ивановиќ стигна до финалето, Јелена Јанковиќ и Новак Ѓоковиќ без запрени во полуфиналето.