1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Толеранцијата мора да биде двострана

20 октомври 2010

Германскиот претседател Кристијан Вулф во турскиот парламент рече дека мигрантите со турско потекло во Германија се добредојдени, но мораат да се интегрираат, од Турција побара да ги почитува сите религии.

https://p.dw.com/p/PiTv
Кристијан Вулф во турскиот парламентФотографија: picture alliance/dpa

Германскиот претседател Кристијан Вулф во говорот во Анкара оддаде признание за придонесот на мигрантите со турско потекло во германското општество. Денес тие се дома во двете култури, истакна претседателот и подвлече „Вие сте добредојдени во нашата земја и припаѓате кон нашата земја“. Истовремено германскиот претседател упати барање до мигрантите во Германија, одговорно да бидат дел од германското оштество.

„Како ваш претседател барам секој доселеник со добра волја активно да се прилагоди на нашето германско општество.“ За успешна интеграција потребно е почитување на уставот и во него впишаните вредности:

„Во прва линија човековото достоинство, но и слободно изразување на мислењето, рамноправноста меѓу мажот и жената, религиозна слобода и држава во која слободно се ирзазуваат сопствените погледи.“

Претседателот Вулф се заложи, мигрантите да го изучуваат германскиот јазик, да ги почитуваат правото и законите и да да се вклопат во начинот на живот на сограѓаните.

„Оној кој сака да живее во Германија, мора да се придржува до постоечките правила и да го прифати нашиот начин на живеење, притоа не станува збор за тоа некој да си го негира потеклото“, рече Вулф и подвлече дека никој не мора да се откаже од својот културен идентитет. Многу луѓе со турско потекло веќе имаат пуштено корени во Германија и се германски државјани. Тоа е добар знак, смета претседателот.

Bundespräsident Christian Wulff im Plenarsaal des Parlaments in Ankara
Фотографија: picture alliance/dpa

Верската слобода-една од најголемите задачи

Германскиот претседател се заложи и за заштита на малцинствата и религиозен и културен плурализам во Турција „На религиозните малцинства мораме да им овозможиме слободно изразување на својата вера“ подвлече Вулф и дополни дека мирниот соживот на различните религии е една од најголемите задачи на 21 век.

Говорот на Кристијан Вулф е првиот на еден германски претседател пред турскиот парламент. Тој беше со нетрпение очекуван со оглед на дебатата која се води во Германија за интеграција на мигрантите и по говорот на претседателот на денот на германското обединување. Германскиот претседател, придружуван од сопругата и 15- члена економска делегација, повеќедневната посета на Турција ја почна во понеделникот, а вчера со воени почести беше пречекан од турскиот претседател Абдула Ѓул.

Автор: АТ/ЖА/дпа/ртре/афп/дв

Редактор: Жана Ацеска