1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

„Томахавк“ против Северна Кореја?

ЖА
14 април 2017

САД наводно подготвуваат превентивен воздушен напад врз Северна Кореја, доколку се убедени во нејзин претстоен натамошен атомски тест. Експертите стравуваат од катастрофални последици

https://p.dw.com/p/2bEIQ
USS Laboon
Фотографија: Getty Images

Два американски бродови-разорувачи, вооружени со ракети „Томахавк“, се наоѓаат веќе близу Корејскиот Полуостров, известува американската ТВ ЕнБиСи, повикувајќи се на информации од соработник во американските тајни служби. Еден од разорувачите е оддалечен околу 480 километри од атомскиот полигон каде се претпоставува дека се вршат тестовите. Пентагон не сака да го коментира извештајот. Се разгледуваат воени опции, изјави надворешнополитички советник на Белата куќа во Вашингтон. Според него, не се поставува прашањето „дали“ Северна Кореја повторно ќе тестира ракета, туку „кога“.

Претходно зачестија укажувањата дека Северна Кореја, по редицата извршени, можеби подготвува нов тест на атомско оружје,терминот евентуално би бил по повод  денешната годишнина од 105-от роденден на основачот на државата, Ким Ил Сунг. Сателитски снимки од пробниот полигон во Северна Кореја покажуваат нова раздвиженост, како што јавува американски- корејскиот институт од Универзитетот Џон Хопкинс во Балтимор.

„Многу силна армада“

Севернокорејскиот најблизок сојузник, Кина, неодамна изричито го одврати американскиот претседател Доналд Трамп од преземање воен удар врз изолираната комунистичка земја. Трамп од своја страна укажал дека американскиот носач на авиони „Карл Винсон“ е на пат кон кризниот регион. „Испраќаме силна армада“, изјави Трамп за ТВ Фокс њус. 

На Твитер Трамп напиша: „Уверен сум дека Кина може да се справи со Северна Кореја. Ако не е во таква можност, тоа ќе го направат САД со своите сојузници.“

Nordkorea Machthaber Kim Jong Un
Ким Јонг Ун засилено го провоцира Западот со ракетни тестовиФотографија: Getty Images/AFP

„Арена полна трупови“

Севернокорејскиот властодржец Ким Јонг Ун во последно време ги зачести провокациите против Западот. Само лани неговата земја изврши две тестирања на атомско оружје, а истовремено работи на развој на ракети со долг дострел, со чија помош атомски боеви глави можат да стигнат до американско копно. Комунистичката држава на овој начин прекршува бројни резолуции на Советот за безбедност на ОН.

Во случај на воена ескалација во Севернокорејскиот Полуостров, експертите стравуваат од катастрофални последици. „На крајот Корејскиот Полуостров би се претворил во жална арена со милиони трупови, а да не зборуваме за геополитичките консеквенци“, вели на пример Ридигер Франк, раковидител на Источноазискиот универзитет во Виена. Тој е убеден дека Ким Јонг Ун би бил подготвен да преговара за спорната атомска програма, но Заапдот мора да сфати дека на раководството од Пјонгјанг му се потребни одредени гаранции.